03.03.2022

По израмнетото прво полувреме, во третата четвртина противникот се одвои на недостижна разлика, доволно за висока победа (102:67)

FIBA YDF FUND ТУРНИР – СКОПЈЕ 2022: Надежите пружија силен отпор, но загубија од фаворитот Турција

Младите македонски кошаркари дадоа доста сериозен отпор на фаворизираната селекција на Турција. Ообено тоа се однесува во првото полувреме. Но поквалитетниот противник ги искористи сите свои предности, и стигна до (пре) убедлив триумф. 

ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА           102:67

Младите македонски кошаркари дадоа доста сериозен отпор н фаворизираната селекција на Турција.

Беа во постојан резултатски егал, со исклучок на неколку минути во втората четвртина кога противникот имаше водство од (29:18) кога се играше 16.минута. Со серија од шест поени, се приближивме на (24:29), но противникот одново се одвои на двоцифрени (36:24), за првото полувреме да заврши со прифатливи (40:32) за Турција.

Доста поефикасна кошарка се играше во продолжението од натпреварот. Двете селекции имаа далеку повисока реализација во шутот од поле, што резултираше со далеку поголем број на реализации, на двете страни. Сепак, подобри беа Турците кои до истекот на третата четвртина ја зголемија предноста на високи (69:54). 

Иако до крајот имаше уште десет минути, нашите надежи не успеаја да направат резултатски приклучок. Напротив, целосно застанаа, особено во одбраната, што турските кошаркари го казнија и стигнаа до висока позитива.

Прилика за победа ќе побараат во следните натпревари од турнирот во СРЦ „Кале“. А во второто коло од машката конкуренција од FIBA YDF FUND турнирот, нашите кошаркари, утре од 17.часот, ќе се сретнат со соодветната У14 селекција на Бугарија.