Македонските надежи загубија од Косово на затворањето на FIBA YDF FUND турнирот кој во изминатите четири дена се одржуваше во Скопје во организација на Mакедонската кошаркарска федерација.
МАКЕДОНИЈА – КОСОВО 63:86
Нашите млади кошаркари не успеаја да наметнат свој ритам на последниот меч од собирот во Скопје.
Гостите од Косово имаа постојано водство, кое на истекот на првата четвртина веќе бсеше двоцифрено (31:20), а до полувремето Косово ја надмина и бројката од 50. реализации.
Ние имавме само 34...
Многу поагресивно продолживме по одморот. Ни никако не успеввме да ја сведеме негативата на едноцифрена. Противникот казни неколку наши лоши одбрани, и до крајот на третата четвртина одново ја имаше позитивата од полувремето (65:49).
Остана нашата селекција „Под 14' години без доволен процент на енергија за да се врати во целост на овој натпревар со кој беше затворен овој собир за оваа возрасна категорија на кошаркар(к)и, родени 2008 година и помлади.
По четири одиграни натпревари, нашата селекција „Под 14“ години дојде до ефект од една победа и три порази. Следниот собир на овие пет национални селекции е планиран да биде реализиран во текот на април, во Косово.
ЛИНК до фотогалеријата од натпреварот Македонија - Косово
И женската селекција на Косово подобра од нашите девојчиња
Како вовед на овој натшревар се оигра и оној во женска конкуренција.
И вол тие 40.минути, малдите кошаркарки на Косово беа подобри од нашите. Имаа псотојано водство во текто на целиот натпревар и сосема заслужено стигнаа до триумф од (58:31).
Ова беше четвртти натпревар и четвртти пораз за нашата женска селекција „Под 14“ години на турнирот кој во изминатите неколку дена се одржууваше во СРЦ „Кале“ во Скопје.