Гостинките од Турција славеа убедливо на отворањето на турнирот во СРЦ „Кале“.
ТУРЦИЈА (У14) – МАКЕДОНИЈА (У14) 111:33
Младите македонски кошаркарки запишаа пораз на отворањето на меѓународниот турнир во Скопје. Во првото коло селекцијата на Турција (кошаркарки родени 2008 година и помлади) стигна до убедлива победа.
Турските кошаркарки доминираа во текот на целиот натпревар, и само потврдија дека се фаворити за освојувaње на првото место на собирот на кој освен овие селекции, учествуваат и оние на Бугарија, Романија и на Косово.
Во второто коло од женската конкуренција од FIBA YDF FUND турнирот, нашите кошаркарки ќе се сретнат со селекцијата на Бугарија. Натпреварот е закажан за 4. март (петок) со почеток од 15. часот, исто така во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.