05.05.2022

Двете наши селекции „Под 14“ загубија на стартот на третиот турнир кој се игра во главниот град на Бугарија

FIBA YDF FUND турнир 2022-Софија: Два порази во двомечот со Косово

За разлика од претходните два турнир во Скопје односно во Призрен, девојчињата одиграа далеку подобар натпревар на отворањето на турнирот кој се игра во софиска „Тријадица“, загубија од Косово (54:65).

У14 МАКЕДОНИЈА (Ж) – У15 КОСОВО (Ж)   54:65

Но избраничките на Јасмина Герасимовска беа далеку поконкурентен ривал. Да не беа оние (6-20) во првата четвртина, сигурно работите ќе беа и малку поразлични на крајот од средбата во која Ана-Марија Ѓорѓиевска реализираше 14.поени, Теа Трајковска 12, а Дора Алексовска уште 10. поени.  

И косовските млади кошаркари беа подобри од нашите.

У14 МАКЕДОНИЈА (М) – У15 КОСОВО (М)   61:95

Уште на полувремето влеговме во голема негатива, противникот водеше со (55:28).

Во ист стил протекнаа и вторите 20.минути од овој премиерен меч за нашите момчиња на собирот во Софија. Повозрасните играчи од селекцијата на Косово направија уште поголема предност, за прв триумф во Софија.

Според распоредот, утре, од 18.часот по локано, односно 17. часот по македонско време, женската селекција ќе игра против домаќинот Бугарија. Два часа подоцна, следува и мечот во машка конкуренција