06.05.2022

На вториот ден од турнирот, двете селекции на Бугарија беа подобри од нашите млади сили

FIBA YDF турнир 2022 - Софија: Двојна загуба и од домаќинот

Вториот ден од турнирот број 3 кој е дел од проектот „Заедно до М16“, не донесе многу промени во однос на резултатите на двете наши селекции „Под 14“ години.

Ги загубивме двата меча против соодветните селекции на Бугарија.

Во првата пресметка, женската селекција на Македонија уште во раната фаза од натпреварот влезе во голема негатива, и на крајот запиша убедлив пораз 23:72

Два часа подоцна на паркетот во салата „Тријадица“ силите ги одмерија машките селекции. Тоа беше далеку поизрамнет натпревар во кој сепак, бугарската селекција имаше постојано водство, и на крајот го доби овој меч од второто коло со високи 88:65.

На третиот ден од турнирот во Софија, нашите селекции ќе го имаат и двомечот против селекциите на Турција. Од 13 часот играат женските, а два часа подоцна и машките репрезентации.