За разлика од претходниот ден, женската селекција на Македонија беше конкуретен ривал во дуелот против селекцијата на Турција. Но на крајот избраниот тим на селекторот Јасмина Герасимовска го загуби мечот од третото коло со резултат 49:34.
Јана Пислевска реализираше 14. поени додека Дора Алексовска заврши со 11 реализации и пет скока во напито женски состав.
По добриот настап против селекцијата на Бугарија, машкиот тим беше под стандардното ниво на игра. На овој натпревар се беше решено во првото полувреме во кое Турција обезбеди предност од 20.поени (45:25). Бевме рамноправни во третиот период, нпо во оној последниот, младите турски кошаркари го потврдија својот талент, за убедлив триумф од 82:53.
Љубен Ефтимовски беше единствениот наш кошаркар со двоен број на поени, реализираше 16.
На последниот ден од турнирот во Софија, во недела од 13 часот, женската репрезентација ќе игра против Романија. А два часа подоцна, нашите момчиња ќе се обидат да стигнат до успех против една година повозрасните колеги од романската национална селекција.