08.05.2022 На последниот ден од турнирот во Софија, нашите млади селекции загубија во дуелите против Романија На последниот ден од турнирот во Софија, прво, женската репрезентација играше против Романија. И загуби со убедливи 30:79, во натпревар во кој Теа Трајковска реализираше 11. поени во нашата млада селекција. Два часа подоцна, на теренот во салата „Тријадица“ истрчаа и нашите момчиња од селекцијата „Под 14“ години. Поминаа слично како девојчињата. ВО Скопје се враќаат и со четртти пораз, сега изразен со 72:103. Ѓорѓи Цветковски, со реализација на 27.поени и 9.скока беше најдобриот поединец во нашата млада репрезентација. Љубен Ефтимовски средбата со Романија, која ќе биде домаќин на следниот собир „Заедно до М16“, реализираше 18. поен и 3. скока.