Женската селекција на Македонија „Под 14“ години успешно го одработи учеството на турнирот во Призрен. Избраничките на селекторот Едина Муса стигнаа и до третата победа на овој собир на млади кошаркар(к)и насловен како „Заедно до 16“.
Македонија (Ж-У14) - Романија (Ж-У14) 70:54
Беа подобри од соодветната селекција на Романија, на крајот и убедливо, со 16. поени разлика.
Две одлични четвртини имаа нашите девојчиња, особено онаа третата, во коај и ја направија клучната предност.
Откако на полувремето беа во негатива од пет поени, (35:40), во третиот дле од играта направија парцијално гледано (25-8), комплетен играчки, но и резултатски пресврт, кој им донесе плус (60:48).
Иако не беа толку ефикасни, нашиот пионерски состав ја доби и онаа последна четвртина со (10-6), доволна за трет успех во четири одиграни натпревари.
До него Македонија ја предводеа Колева, стрелец на 19.поени, Пислевска, која имаше 18, и Трајковска која даде уште 12.поени. Но пофалби заслужуваат сите 12. кошаркарки кои ги одбра стручниот тим за сето прикажано во изминатите пет дена во Призрен.