Во последниот натпревар на турнирот во Призрен, нашата машка репрезентација „Под 14“ години имаше подобра завршница и ја победи Романија.
Македонија (М-У14) - Романија (М-У14) 62:59
Апсолутно израмнет натпревар помеѓу младите кошакари на Македонија и на Романија во првите 20.минути. Тоа го покажуваше и семафорот во салата “Сезаи Сурои“ во Призрен (25:25).
Во тој прв дел од играта, Солев веќе реализираше девет поени и осум скока, Беговски пак на пет поени додаде десет скока.
Во продолжението на играта, нашата репрезентација премина и во водство од четири поени (44:40), а имаше минимлно водство (44:42), во пресрет на последната четвртина.
Десет минути во кои Македонија имаше и повисоко водство (50:44), потоа и (54:49). Но кога требаше да го потрвдиме успехот, застанавме.
Неколку минути останавме без реализација, доволно Романија со серија од осум поени, во 37.минута да го преземе водството (56:54).
Во вистинско време, Гиновски погоди два пати за три поени, и ја врати нашата селекција во водство, сега од (60:56).
Илиев имаше шанса да ја потврди победата, но не ги реализира двете слободни фрлања на 18.секунди пред крајот. Тоа го „поправи“ Божиновски кој ја освои клучната топка, а најдобриот поединец во нашата селекција, Гиновски, беше „мирен“ од истата позиција, и ги постави конечните (62:59).
Тоа беше неговиот 13. поен на средбата (осум во решавачките моменти), колку што погоди и Беговски (плус и 13.скока), додека пак Солев финишираше со 16.поени, но имаше и 15.скока.
За скор од две победи и исто толку порази во четири одиграни натпревари на турнирот во Призрен.