11.06.2023

Девојчињата беа подобри од своите врснички (74:44), момчињата загубија со (47:68)

ФИБА YDF ТУРНИР-ПРИЗРЕН 2023: Половичен ефект во „двомечот“ со Бугарија

ФОТО: Кошаркарска федерација на Косово

Во третото коло од турнирот во Призрен, нашите млади селекции „Под 14“ години забележаа половичен ефект во двомечот против соодветната репрезентација на Бугарија. Женската селекција беше подобра од своите врснички (74:44).

Македонија (М-У14) - Бугарија (М-У14)      47:68

По нецели осум минути, Македонија имаше водство (10:7). Но противникот направи мини-серија од шест поени, и четвртината ја заврши со предност од (13:10).

Добро почнаа избраниците на селекторот Владимир Мирковски и во вториот период од играта, во кој го вративме и водството на наша страна. Во 16 минута, Македонија поведе со (25:22). Но слично како и во првата четвртина, источните соседи повторно ја земаа предноста на своја страна.

Со серија од (12-2), до крајот на полувремето се стекнаа со солидна предност, (34:27).

Нашата селекција успеа да ја анулира предност на ривалот. Стигнаа нашите млади кошаркари одново до нерешен резултат (38:38). Но во последните три минути од овој дел од играта, повторно Бугарија го врати водството.

На истекот на третата четвртина водеше со (48:40).

Слично беше и по пет минути играње во последната четвртина, кога намаливме на (45:52). Но, нашата селекција „Под 14“ години немаше сили, енергија за ново „враќање“. Со нова серија (12-0) Бугарија се одвои на недостижни  (64:45) за потврда на победата.

Беговски имаше двоен ефект од 12.поени и 11. скока, додека пак Оцепек беше стрелец на десет поени за нашиот пионерски национален тим на овој меч. 

Македонија (Ж-У14) - Бугарија (Ж-У14)      74:44

Нешто порано се сретнаа и женските селекции на Македонија и на Бугарија.

Нашите млади кошаркарки одличен почеток на натпреварот. За десет минути играње направија дури 20. поени предност. Поведоа со (31:11), а потоа беше доста полесно за играње.

Она што може да биде добар знак и за селекторот Едина Муса, е дека играа сите девојчиња, а добар дел од нив заврши со десет и повеќе реализирани поени. Колева реализираше 19.поени, Груевска имаше 12, Трајковска 11, а Пислевска 10, но имаше и исто толку скокови, плус и пет освоени топки и четири успешни додавања.

ФОТО: Кошаркарска федерација на Косово

Утре, на последниот ден од турнирот во Призрен, од 9, односно од 11.часот, противниици ни се селекциите на Романија.