03.04.2024

Првиот турнир од новиот ФИБА проект „Заедно до У16“, почнува денеска, ќе се игра во Дробета-Турну Северин

ФИБА YDF турнир-Романија 2024: Прв евро-предизвик за нашите најмлади репрезентации

Машката и женската селекција на Македонија за играчи „Под 14“ години од денеска се во Дробета-Турну Северин, каде ќе се игра првиот турнир од новото издание на ФИБА проектот „Заедно до 16“.

Двете наши најмлади репрезентативни селекции ќе одиграат по четири натпревари на турнирот во овој романски град на кој се поканети и националните селекции на Турција, Бугарија, Косово.

Претходно тренерите на двете национални селекции на играчи родени 2010 година, Teо Митевски во машката, односно Ера Пајазити во женската, ги одредија играчите на кои ќе сметаат за настап на првиот, од неколкуте предвидени турнири од новото издание на ФИБА проектот.

Согласно со распоредот на натпреварите кои ги одреди домаќинот на овој собир – кошаркарската федерација на Романија, на првиот ден од натпреварувањето, нашите млади кошаркари ќе ги одмерат силите токму против двете селекции на домаќинот на турнирот. Натпреварите се закажани за 18 часот (девојчиња), и 20 часот (момчиња) по локално време.

На 4. април нашите селекции се слободни. Ден подоцна ќе играат против соодветните репрезентации на Турција. Потоа, на 6. април (сабота), следуваат мечеви со Бугарија. Додека учеството на турнирот ќе го завршиме со двата натпревари против репрезентациите на Косово.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

3. АПРИЛ (СРЕДА)

14.00: Бугарија – Косово (ж)

16.00: Бугарија – Косово (м)

18.00: Романија  - МАКЕДОНИЈА (ж)

20.00: Романија  - МАКЕДОНИЈА (м)

4. АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)

10.00: Косово – Турција (ж)

12.00: Косово – Турција (м)

14.00: Бугарија – Романија (ж)

16.00: Бугарија – Романија (ж)

5. АПРИЛ (ПЕТОК)

10.00: МАКЕДОНИЈА – Турција (ж)

12.00: МАКЕДОНИЈА – Турција (м)

14.00: Романија – Косово (ж)

16.00: Романија – Косово (м)

6. АПРИЛ (САБОТА)

10.00: Бугарија – МАКЕДОНИЈА (ж)

12.00: Бугарија – МАКЕДОНИЈА (м)

14.00: Турција – Романија (ж)

16.00: Турција – Романија (м)

7. АПРИЛ (НЕДЕЛА)

09.00: Бугарија – Турција (ж)

11.00: Бугарија – Турција (м)

13.00: МАКЕДОНИЈА – Косово (ж)

15.00: МАКЕДОНИЈА – Косово (м)

* Натпреварите на турнирот може да се проследат на следниот ЛИНК

 

МАКЕДОНИЈА НА ТУРНИРОТ ВО РОМАНИЈА

Македонија-машки (играчи родени 2010 година)

Филип Ѓеорѓиевски – МЗТ Скопје Уни Банка

Јован Гајиќ – МЗТ Скопје Уни Банка

Војдан Стаменковски – Водно Санс

Војдан Чадиновски – Вардар

Никола Блажевски – Вардар

Синиша Трпчевиќ – Вардар

Илија Коневски – Феникс 2010

Дион Шабани – Црн Дрим

Михаил Ангелковски – МКК Куманово

Лука Ангелов – Дино Баскет

Хамза Драголовчанин – Феникс 2010

Рон Јетиши – Работнички

Тренер: Тео Митевски

Помошник тренер: Бесарт Мухидини

Физиотерапевт: Никола Арсиќ

 

Македонија-женски (играчи родени 2010 година)

Кјара Анастасова – Бадел 1862

Јована Струменикова – Бадел 1862

Теа Трајкова – Вардар

Марија Димитровска – Вардар

Неда Ѓорговска – МЗТ Скопје

Дијана Ѓорева – Јасмин

Ангела Мегленова – Јасмин

Теона Милчин – Струга 2009

Суада Зиба – Струга 2009

Беатриса Велковска – Крива Паланка

Мија Авиа – Работнички

Ивона Леова – Спорт тим

Тренер: Ера Пајазити

Помошник тренер: Теа Митрева

Физиотерапевт: – Верица Стоилова