02.11.2023

Нашата селекција „Под 14“ години беше подобра и од своите врсници од Косово, слави со убедливи (72:57)

ФИБА YDF ТУРНИР-СКОПЈЕ 2023: И втора победа за Македонија!

Машката репрезентација на Македонија за играчи „Под 14“ години продолжи со добрите настапи на турнирот во Скопје. По вчерашниот успех против Бугарија, нашите кадети вечерва беа подобри од своите врсници од Косово.

КОСОВО (У14-М) - МАКЕДОНИЈА (У14М)    57:72

За разлика од премиерниот меч, нашите млади кошаркари ја имаа контролата над играта и особено над резултатот буквално од првата до последната минута.

Во првиот период од играта, обезбедивме солидна предност (16:10), но тоа беше сам кмотив плус избраниците на селекторот Владимир Мирковски да продолжат така и во продолжението од мечот во СРЦ „Кале“.

Уште поубедливи изгледаа оние (46:32), кои ги имавме на полувремето.

Иако третиот дел од играта беше и „најсиромашен“ со бројот на реализации, сепак, ја реализиравме целта – да го одржуваме високото водство.

Гостите од соседството се обидуваа таа негатива да ја сведат макар и на едноцифрена, но не успеваа во тоа, па по две одиграни кола, Македонија има две победи.

До неа ја предводеа Бошковски, стрелец на 15.поени, Сотир кој имаше еден помалку, капитенот Гиновски кој постигна 13 (и седум скока), односно Солев кој застана на бројката од 12. реализации.

Во третото коло, во сабота навечер, повторно од 21.часот, ќе ги чека и најсериозниот предизвик. Дуелот против репрезентацијата на Турција, која исто така има максимален ефект во првите две кола од собирот во Скопје.  

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПРВО КОЛО

Косово (ж) – Турција (ж) 32:82

Косово (м) – Турција (м) 58:73

МАКЕДОНИЈА (Ж) – Бугарија (ж)        63:68

МАКЕДОНИЈА (М) – Бугарија (м)        60:55

ВТОРО КОЛО

Турција - Романија (ж)   34:61

Турција - Романија (м)   75:49

Косово (ж) - МАКЕДОНИЈА (Ж)            24:73

Косово (м) - МАКЕДОНИЈА (М)           57:72

3.НОЕМВРИ (ПЕТОК)

15.00: Бугарија (ж) – Турција (ж)

17.00: Бугарија (м) – Турција (м)

19.00: Романија (ж) – Косово (ж)

21.00: Романија (м) – Косово (м)