Машката селекција на Македонија „Под 14“ години го загуби првиот натшревар на турнирот во Скопје. Подобра од нашата, особено во второто полувреме, беше репрезентацијата на Турција
МАКЕДОНИЈА (У14М) – ТУРЦИЈА (У14М) 50:81
Македонија одигра одлично во првото полувреме, во кое беше вистински спаринг партнер на извесно, најквалитетната селекција на собирот во Скопје.
По 20.минути заостанувавме само четири поени, (33:37).
Но по паузата од 15.минути, се беше на страната на селекцијата на Турција.
Едноставно како да снема енергија во играта на нашиот млад состав. Како одминуваа минутите, така растеше предноста на Турција. До истекот на третиот дел, противникот имаше позитива од (61:45).
Но тука не застанаа, продолжија да го полнат кошот на нашиот тим „Под 14’ години. На крајот тоа изгледа и повеќе од убедливо од реалната слика, односно прикажаното од двете репрезентации на теренот во СРЦ „Кале“.
На затворање на собирот во нашиот главен гад, во последното коло од турнирот, од 15.часот, нашите млади кошаркари ќе играат против своите врсници од Романија.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
4. КОЛО
Бугарија (ж) – Романија (ж) 62:69
Бугарија (м) – Романија (м) 68:61
МАКЕДОНИЈА (Ж) – Турција (ж) 50:55
МАКЕДОНИЈА (М) – Турција (м) 50:81
5.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
15.00: Косово (ж) – Бугарија (ж)
17.00: Косово (м) – Бугарија (м)
19.00: МАКЕДОНИЈА (Ж) – Романија (ж)
21.00: МАКЕДОНИЈА (М) – Романија (м)