Две добри и две, не баш идеални, четвртини одиграа кадетките на Македонија на средбата со врсничките од Бугарија.
МАКЕДОНИЈА (У14-Ж) – БУГАРИЈА (У14-Ж) 63:68
Имаа избраничките на тренерот Горан Крстевски добра прва четвртина, која и ја реализираа во своја корист со (23:19).
Но не продолжија да играат во исто темпо. Противникот ја презема иницијативата, и не само што го „поништи“ нашето водство, до истекот на првото полуреме, Бугарија имаше сосема солидни (42:33).
Успеаја и да ги „надградат“ во третиот период од играта. И да дојдат до уште поубедлива предност. По 30.минути, Бугарија водеше со наизглед недостижни (57:41).
Но нашите девојчиња немаа намера да се предадат, напротив... Влегоа во серија на поентирања, која ги донесе на, и тоа како достижни (63:67), а имаа уште доволно време, 2:11 минути за комплетен пресврт.
За жал, направија неколку грешки кога беше најмалку потребно, па победата им припадна на кадетките на Бугарија.
Јана Пислевска беше најдобриот поединец во нашата селекција. Реализираше 28.поени, имаше и десет скока, пет асистенции, но и дури десет загубени топки. Начевска и Трајковска реализираа по девет поени.
Утре навечер, двете наши селекции „Под 14“ ги чека двомеч против соодветната репрезентација на Косово. Женскиот тим стартува од 19, а машкиот два часа подоцна – 21.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
Косово (ж) – Турција (ж) 32:82
Косово (м) – Турција (м) 58:73
МАКЕДОНИЈА (Ж) – Бугарија (ж) 63:68
МАКЕДОНИЈА (М) – Бугарија (м) (во тек)
2.НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК)
15.00: Турција - Романија (ж)
17.00: Турција - Романија (м)
19.00: Косово (ж) - МАКЕДОНИЈА (Ж)
21.00: Косово (м) - МАКЕДОНИЈА (М)