02.11.2023

Нашата женска селекција „Под 14' години, дојде до првата победа на турнирот, совладана е репрезентацијата на Косово (73:24)

ФИБА YDF ТУРНИР-СКОПЈЕ 2023: Македонија многу подобра од Косово

Добрата игра против селекцијата на Бугарија, нашите млади кошаркарки ја потврдија со победа во натпреварот против соодветната селекција на Косово

КОСОВО (У14Ж) - МАКЕДОНИЈА (У14Ж)            24:73

Играа добро и вчера, но запишаа пораз во натпреварот со Бугарија. А наградата за вложеното во текот на тие 40.минути, за нашите кошаркарки од селекцијата „Под 14“ години, стигна во дуелот со соодветната селекција на Косово.

Апсолутна доминација поставија избраничките на тренерот Горан Крстевски. Од првата минута покажаа дека се подготвени да излезат како победници во овој натпревар.

Тоа беше евидентирано и на семафорот...

Во првите две четвртини реализиравме по 18.поени, но на противникот му дадовме да постигне пет, односно шест поени.

За убедливо водство на полувремето (36:11).

Ништо не се промени во играта на двете селекции и по паузата. Нашите млади кошаркарки до минута во минута ја „билдаа“ позитивата. До истекот на третиот период имавме уште повисоки (53:14).

Во последните десетина минути од играта, предводникот на нашата селекција „Под 14“ им даде шанса на сите 12.кошаркарки.

Колева беше реализатор на 17.поени, Груевска имаше 14, а Трајковска и Пислевска постигнаа по 10 поени во нашата репрезентација.  

Во третото коло од турнирот во Скопје, двете наши селекции се слободни. Натпреварувањето го продолжуваме во сабота, во истите термини, 19 односно 21.часот. А за противници нашите кадетски селекции ги имаат своите врсници од Турција.

ФИБА YDF ТУРНИР-СКОПЈЕ 2023:

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПРВО КОЛО

Косово (ж) – Турција (ж) 32:82

Косово (м) – Турција (м) 58:73

МАКЕДОНИЈА (Ж) – Бугарија (ж)        63:68

МАКЕДОНИЈА (М) – Бугарија (м)        60:55

ВТОРО КОЛО

Турција - Романија (ж)   34:61

Турција - Романија (м)   75:49

Косово (ж) - МАКЕДОНИЈА (Ж)            24:73

21.00: Косово (м) - МАКЕДОНИЈА (М)

3.НОЕМВРИ (ПЕТОК)

15.00: Бугарија (ж) – Турција (ж)

17.00: Бугарија (м) – Турција (м)

19.00: Романија (ж) – Косово (ж)

21.00: Романија (м) – Косово (м)