Од 1. до 5. ноември, Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на третиот по ред турнир на ФИБА, кој е дел од проектот „Заедно до 16“.
Уште еднаш, нашиот главен град ќе биде домаќин на пет национални селекции, овојпат на кошаркари и кошаркарки родени 2009 година и помлади.
Уште една добра можност за нашите најмлади репрезентативни селекци во двете конкуренции, машка и женска, да ги подигнат своите играчки вештини преку одигрување на уште четири натпревари.
Селекторот на машката селекција, Владимир Мирковски, односно Горан Крстевски, кој ќе биде на чело на женскиот состав за овој турнир во СРЦ „Кале“, ги одбраа кандидатите кои ќе бидат дел од овој собир.
Распоредот на турнирот вели дека во првото коло, на 1. ноември (среда), двете наши селекции (од 19.часот, женската, а од 21. часот, машката), ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Бугарија.
Наредниот ден, во истите термини, ќе играме против соодветните селекции на Косово. Третиот ден од турнирот е слободен за нашите млади таленти. На 4. ноември (сабота), на ред се дуелите со репрезентативните селекции на Турција, додека дружењето во нашиот главен град ќе го затвориме со мечевите против Романија, со натпреварите кои се играат од 13. односно од 15.часот.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ НА МАКЕДОНИЈА
Павел Гиновски – КК Вардар
Филип Оцепек – МКК Куманово
Никола Костов – КК Водно Санс
Петар Трајковски – КК МЗТ Скопје
Стефан Сотировски – КК МЗТ Скопје
Стефан Илиев – КК Работнички
Дино Беговски – КК Работнички
Теон Бошковски – КК Работнички
Александар Сотир – КК Работнички
Марко Солев – КК ИБА Баскет
Христијан Божиновски – КК ИБА Баскет
Арт Беџети – КК ИБА Баскет
Александар Јанкуловски – КК ИБА Баскет
Тренер: Владимир Мирковски
Помошен тренер: Дарко Петковски
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ НА МАКЕДОНИЈА
Јана Пислевска – Вардар
Теа Трајковска – Вардар
Лора Ристевска – Вардар
Мила Начевска – Вардар
Леона Ивановска – Вардар
Марија Димитровска – Вардар
Ива Колева – Тим Арена
Бојана Јорданова – Тим Арена
Лана Данилова – Тим Арена
Нина Варадинова – Тим Арена
Јована Димовска – МЗТ Скопје
Душица Мицева – Пробаскет
Глорија Груевска – Крива Паланка
Миа Марија Велкова – Крива Паланка
Ана Стоименовска – Патриот 2016
Тренер: Горан Крстевски
Помошен тренер: Сања Костова
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
1.НОЕМВРИ (СРЕДА)
15.00: Косово (ж) – Турција (ж)
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/-a2-2wWgaAg?si=naVwTIj38FGHHww7
17.00: Косово (м) – Турција (м)
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Now7XdvPLtU?si=Q321KkzJ3fIy3Mjj
19.00: МАКЕДОНИЈА (Ж) – Бугарија (ж)
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GNBtNgmp2VA?si=xut9-O8Cdp817JUx
21.00: МАКЕДОНИЈА (М) – Бугарија (м)
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0_mVqRmbyls?si=XHhJGvV21H81I-Lu
2.НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК)
15.00: Турција - Романија (ж)
17.00: Турција - Романија (м)
19.00: Косово (ж) - МАКЕДОНИЈА (Ж)
21.00: Косово (м) - МАКЕДОНИЈА (М)
3.НОЕМВРИ (ПЕТОК)
15.00: Бугарија (ж) – Турција (ж)
17.00: Бугарија (м) – Турција (м)
19.00: Романија (ж) – Косово (ж)
21.00: Романија (м) – Косово (м)
4.НОЕМВРИ (САБОТА)
15.00: Бугарија (ж) – Романија (ж)
17.00: Бугарија (м) – Романија (м)
19.00: МАКЕДОНИЈА (Ж) – Турција (ж)
21.00: МАКЕДОНИЈА (М) – Турција (м)
5.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
09.00: Косово (ж) – Бугарија (ж)
11.00: Косово (м) – Бугарија (м)
13.00: МАКЕДОНИЈА (Ж) – Романија (ж)
15.00: МАКЕДОНИЈА (М) – Романија (м)
* Сите натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ - во Скопје, влезот е слободен