Денеска, на посебна церемонија во Валенсија, беа одредени четирите групи од првата фаза на Евробаскетот 2021 година во женска конкуренција.
Ждрепката посака групата „Б“ да биде составена од две силни селекции од просторите на поранешната држава, Србија и Црна Гора.
Исто е и во групата „Ц“ каде за место во следната фала ќе се борат репрезентациите на Словенија и на Босна и Херцеговина, додека Хрватска (еден од нашите пртивници во квалификациите) е сместена во групата „Д“, заедно со селекциите на Русија, Чешка и еден од домаќините – Франција.
Групата „А“ во која се Шведска, Белорусија, Шпанија, Словачка, и групата „Б“ ќе се играат во Валенсија, додека другите две групи ќе се играат на француско тло, поточно во Стразбур.
Финалниот дел од Евробаскетот (17-27.јуни) ќе се одржи во Валенсија.
РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ ЗА ЕП 2021
ГРУПА А: Шведска, Белорусија, Шпанија, Словачка
ГРУПА Б: Црна Гора, Србија, Италија, Грција
ГРУПА Ц: БиХ, Словенија, Турција, Белгија,
ГРУПА Д: Франција, Русија, Чешка, Хрватска