Во текот на минатата недела, ФИФА објави соопштение во кое безрезервно одговори на идејата (шпекулацијата) за создавање на европска Супер лига во која би играле најмоќните клубови во Европа.
Точно 42 минути подоцна, Марија Гебриел, Европскиот комесар за иновации, истражувања, култура, едукација, млади, и најважниот сегмент, спортот, информираше преку Твитер дека одржала состанок со Андреас Заглис, генералниот секретар на ФИБА.
Како што Гебриел напиша во пораката, фокусот на дискусијата бил на:
- Важноста да се воведат што е можно повеќе девојчиња во кошарката
- Улогата на кошарката во европскиот спортски модел: Единствен дел на европското наследство кое промовира автономија, отвореност и солидарност.
Нешто подоцна, Заглис и самиот му се заблагодари на комесарот на Европската Унија. Како што истакна првиот оперативец на ФИБА, представени се активностите „Жените во кошарката“ и откриени новите врсти на синергија со Европската комисија.
Исто така, што веројатно е и најважно, акцентиран е фактот дека ФИБА и националните федерации го бранат европскиот спортски модел на кој, особено и поблиску ќе работи со телата на Европската комисија“- вели Заглис во својот „пост“
Реагираше и Европската комисија, со подршка на УЕФА да го блокира било кој вид на формирање на Супер лига.
„Не постои можност неколкумина да ја нарушат универзалната и разнолика природа на европскиот фудбал“ - рече Маргаритис Шинас, потретседателката на Европската Унија. „Европскиот начин на живот не е компатабилен со тоа што европскиот фудбал е резервиран за богатите и моќните. Мораме да го заштитиме нашиот европски спортски модел кој се потпира на рамнотежата помеѓу клупските и националните натпреварувања, а кој треба да обезбеди развој на играта на отворен и недискриминиран начин“.
Томаш Франковски, ко-преседавачот на спортската група на европскиот парламент, се надоврза на нејзините зборови:
„Сметам дека шпекулациите за затворена Супер лига на елитните клубови во европскиот фудбал се доста алармантни. Ја поздравувам и поддржувам снажната позиција на УЕФА против ова. Спортот е право на сите, а не само на елитна група. Мораме да го заштитиме и промовираме европскиот спортски модел“- вели Франковски, кој е поранешен професионален фудбал.
Акциите на ФИФА, УЕФА и ФИБА се поврзани, затоа што меѓународната кошаркарска организација со УЛЕБ (Асоцијација на националните лиги на Европа) и кошаркарските федерации се бори против планот на Евролигата да го затвори клупското натпреварување.
Целта на ФИБА е зачувување на спортскиот модел во кој најдобрите тимови во домашните лиги мораат да имаа право да играат и во најсилното клупско натпреврување, затоа што тоа го заслужиле на теренот.