26.04.2019

Филип Думиќ - Играч на 3. коло Супер Лига!

Еден од играчите кои ова коло поминаа 40 минути на паркетот се закити со епитетот најкорисен играч на коло е Филип Думиќ
 од Куманово. Неговиот клуб го заокружи третото коло во Супер лига против МЗТ Скопје Аеродром и запиша пораз од 80-87, но Думиќ успеа да оствари најголем број на индекс онлайн казино на реальные деньги поени на ефикасност од сите играчи ова коло. За четириесет минути поминати во игра, Думиќ запиша дабл-дабл од 22 поена, три скока, 11 асистенции и две украдени топки за 26 вкупен број на поени за ефикасност.

Во рамки на третото коло од Супер лигата силите си ги одмерија Блокотехна и Кожув во гевгелиското дерби кое заврши 87-78 во корист на кошаркарите на Блокотехна и Гостивар против Работнички кои се одмаздија за поразот во Купот со триумф над „центарци“ со 80-70.

Во Плејаут лигата, Пелистер го порази Шкупи во неизвесен натпревар со 82-79 додека Фени Индустри убедливо го совлада Вардар на свој терен со 88-58.
Следи пауза поради Велигденските празници. Четвртото коло е закажано за в среда, 1. мај 2019 година.