26.05.2024

Кошаркарот на екипата-победник во големото финале, Водно Санс ја доби наградата за најкорисен играч.

Филип Сребров е МВП на финалниот турнир во СРЦ „Кале“

Кошаркарот на екипата-победник во големото финале, Водно Санс, Филип Сребров ја доби наградата за најкорисен играч.

Апсолутно заслужено, ако се земе в предвид дека кадетот на Водно Санс имаше блескави изданија на дводневниот собир на најдобрите екипи во М16 лигата.

Особено тоа се однесува за мечот на одлука, против Вардар.  

Капитенот на Водно санс ги одигра сите 40. минути во големото финале. Притоа реализираше неверојатни 45.поени (6/18 за три поени, 9/17 за два и 6/8 од линијата за слободни фрлања. Освен тоа придодаде и 14.скока, имаше и пет асистенции, три освоени топки и една блокада.

Сето тоа заедно доволно за индекс – 40, и титулата МВП на турнирот!