21.05.2025

Во 33. финале, екипата од Аеродром влегува со многу повеќе трофеи, но тоа не мора да значи дека е пресуден фактор во финалната серија

ФИНАЛЕ ПЛЕЈ-ОФ-ИСТОРИЈАТ: ТФТ во прв обид да го симне МЗТ Скопје Аеродром од тронот

Во 33. финале, екипата од Аеродром влегува со многу повеќе трофеи, но тоа во серијата која стартува во утре навечер, не мора да значи дека е пресуден фактор.

Во четврток навечер (19.30 часот, пренос на МРТ3), во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе стартува финалната серија од плеј-офот. По 32. пат во 33. првенствена сезона, ќе се одлучува кој ќе биде новиот шампион.

Македонија чека на новиот кошаркарски првак, но низ финалната серија, „подобар од пет“ натпревари, одговор на тоа прашање ќе ни дадат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на ТФТ.

МЗТ Скопје Аеродром ќе атакува на својот 12, а ТФТ на првиот шампионски трофеј.

Двата финалисти ги поминаа двете плеј-оф пречки, четвртфиналната и полуфиналната.

„Металците“ се без пораз во доигрувањето.

Им беа потребни само по три победи да ги елиминираат своите ривали. Во четвртфиналето беа подобри од Феникс 2010, а нешто потешка задача имаа во полуфиналето, против екипата на МКК Куманово, но исто така, и оваа серија беше решена во само три од евентуалните пет мечеви.

Од друга страна пак екипата од Тафталиџе беше максимална во четвртфиналната серија со Чаир 2030, која ја решија во само три одиграни мечеви. Во полуфиналето, слична ситуација, против Работнички, забележаа три победи во серија, за место во финалето.

Сосема доволно да го предизвикаат МЗТ Скопје Аеродом во битките за шампионската титула, прва за нив во историјата.

Што велат оние историски факти за големото финале кога станува збор за двете екипи финалисти кои ќе се борат за шампионскиот пехар?

*За МЗТ Скопје ова ќе биде вкупно 19. финална серија...

*По тринаесетти пат по ред „сино-белите“ ќе играат во серијата за шампионскиот трофеј

*МЗТ Скопје (Аеродром) има 11. победи и 7. порази во финалето

*Сите седум порази на МЗТ Скопје се во дуелите со Работнички

*Првата шампионска титула МЗТ Скопје ја освои во сезоната 2011/2012 кога беше поуспешен од екипата на Фени Индустри (4-1 во финалето)

*За прв пат, ТФТ атакува на својата прва шампионска титула

*Ова ќе биде прва финална серија помеѓу овие два клуба низ историјата

*Работнички е нашиот најтрофеен клуб, има 15.титули во 32.сезона

*Прваци на нашата држава биле уште и екипите на Никол Ферт од Гостивар и Струмица, Фени Индустри...

ИСТОРИЈАТ

Досегашни шампиони на Македонија - мажи

СЕЗОНА 1992/1993 Работнички – МЗТ Скопје       3:0

СЕЗОНА 1993/1994: Работнички – Кочани Деликатес    3:2

СЕЗОНА 1994/1995: Работнички – Кочани Деликатес    4:3

СЕЗОНА 1995/1996: Работнички – МЗТ Скопје      3:0

СЕЗОНА 1996/1997: Работнички - Жито Вардар   4:2

СЕЗОНА 1997/1998: Работнички – МЗТ Скопје      3:2

СЕЗОНА 1998/1999: Работнички – МЗТ Скопје      3:2

СЕЗОНА 1999/2000: Никол Ферт – Работнички     3:2

СЕЗОНА 2000/2001: Работнички – МЗТ Скопје      3:0

СЕЗОНА 2001/2002: Работнички – Куманово        4:2

СЕЗОНА 2002/2003: Работнички - Поло Трејд       3:0

СЕЗОНА 2003/2004: Работнички – МЗТ Скопје      4:1

СЕЗОНА 2004/2005: Работнички – Вардар  4:2

СЕЗОНА 2005/2006: Работнички – Вардар  4:1

СЕЗОНА 2006/2007: Струмица – Работнички         4:1

СЕЗОНА 2007/2008: Фени Индустри – Струмица  4:3

СЕЗОНА 2008/2009: Работнички – Фени Индустри          4:2

СЕЗОНА 2009/2010: Фени Индустри - Вардар Осигурување    4:3

СЕЗОНА 2010/2011: Фени Индустри – Работнички          4:1

СЕЗОНА 2011/2012: МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри 4:1

СЕЗОНА 2012/2013: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув       4:0

СЕЗОНА 2013/2014: МЗТ Скопје Аеродром - Работнички 3:1

СЕЗОНА 2014/2015: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово            3:0

СЕЗОНА 2015/2016: МЗТ Скопје Аеродром - Куманово 3:1

СЕЗОНА 2016/2017: МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи 3:2

СЕЗОНА 2017/2018: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 3:0

СЕЗОНА 2018/2019: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 3:0

СЕЗОНА 2019/2020: не беше прогласен шампион

СЕЗОНА 2020/2021: МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005 3:0

СЕЗОНА 2021/2022: МЗТ Скопје Аеродром - Пелистер   3:1

СЕЗОНА 2022/2023: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 3:0

СЕЗОНА 2023/2024: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 3:0

СЕЗОНА 2024/2025: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ ???