Кој вели дека Баскет КАМ е сигурен шампион?
Кој вели дека Бадел 1862 нема сили да му парира на супер тимот од Макеоднска Каменица?
Тие што имаа такви размислувања, погрешија...
Она што го има Бадел 1862 во овој момент, осиромашен со неиграњето на неколку важни кошаркарки. Со една феноменална Александра Стојановска, Нена Трајчевска како асистент, но и другите девојки, како Лазареска, Секуловска, Димитријевиќ, Максимовска, покажаа дека во финалето се игра со срце, со мотиви до небо, со желба за успех.
БАДЕЛ 1862 – БАСКЕТ КАМ 64:60 (1-0)
Извонредно прво полувреме имаше екипата која добро знае како се освојуваат шампионски трофеи.
Особено тоа се однесува за една од нивните две, најдобри кошаркарки во овој состав, во кој недостасуваат неколку повредени кошаркарки, Александра Стојановска.
Репрезентативниот бек на „баделки“ се поигруваше со одбраната на тимот од Македонска Каменица. Во првите 20.минути од првото полуфинле реализираше исто толку – 20.поени (плус и седум скока).
Шутираше со феноменални 70% од поле (7/10) беспрекорни (6/6) од линијата за слободни фрлања. И практично сама донесе убедливи (19:9) на истекот на првиот период, а уште повисоки (38:24) на полувремето.
Минути во кои гостинките вопшто не личеа на екипа која пред десетина дена против истиот противник имаше и двојно поголема разлика на одморот.
Но првиот меч од финалето на првенството, донесе некоја нова димензија во која основна боја беше жолто-сината, онаа на Бадел 1862.
Креатор кој друг ако не, Александра Стојановска. Стрелец на 34.поени, со десет остварени скока, четири асистенции, две освоени топки.
Го имаше и поентирањето на првото финале, кога на 15. секунди пред крајот, погоди за недостижни (64:60)
Во соработка со Трајчевска и нејзините 11. реализации, но и помошта која дојде од Лазареска, Димитријевиќ, Максимовска и Секуловска.
На девојките од Македонска Каменица им останува да анализираат каде и зошто толку грешеа против екипата која пред извесно време славеа убедливо, дури и повеќе од тоа. И на свој терен да се вратат во финалето во кое се веќе чекор зад големиот ривал.