06.06.2023

Екипата на Бадел 1862 одигра доминантно во полуфиналето против Струга 2009, славеше со убедливи (67:32), го чека противникот во финалето

ФИНАЛЕН ТУРНИР- М16 ЛИГА-ЖЕНИ: Бадел 1862 е прв финалист

Екипите на Бадел 1862 и Струга 2009 го отворија финалниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција.

А екипата на Бадел 1862 е првиот финалист на собирот во СРЦ „Кале“, откако со сигурна игра во нападот, и уште подобра одбрана, беа многу подобри од својот противник во полуфиналето, Струга 2009.

БАДЕЛ 1862 – СТРУГА 2009      67:32

Младите кошаркарки на Бадел 1862 воспоставија доминација уште во почетната четвртина од првото полуфинале на турнирот кој се игра во салата на СЦ „Кале“ во Скопје.

Во раната фаза „баделки“ обезбедија предност, која на истекот на првата четвртина беше двојно повиска од противникот (18:9).

По неполни четири минути од втората, веќе имаа двоцифрена позитива (23:12), нешто потоа и (25:14). А Чолакоска, постави и највисоки (27:14) во 17.минута од играта.

Период од играта во кој, интересно, Кукунешоска даде 12. од оние 14. поени за екипата од Струга.

Сарафилоска, која пред некој ден го понесе признанието за најкорисна во М14 лигата, на финалниот турнир во Крива Паланка, со својот 8.поен, се погрижи таа предност на девојките во „жолто-сина“ комбинација да биде уште поголема на полувремето, (29:14)

Ништо не се промени во првото полуфинале и по паузата од 15.минути. „Баделки“ не се задоволија со високата предност. „Притиснаа“ уште избраничките на тренерот Ана Глигорова. И уште на половина од третиот период, со серија од (11-2), „побегнаа“ на недостижи (40:16).

Кој ќе им биде противник во финалето, ќе биде јасно по одигрување на вториот полуфинален натпревар на турнирот во кој, од 19.30 часот, на истото место, ќе се сретнат екипите на Вардар и на МЗТ Скопје Аеродром.

Иако не играше многу, особено во второто полувреме, Сарафилоска беше и најефикасен актер на овој полуфинален меч, реализираше 13.поени. Алексова и Димитријевиќ постигнаа по 10, а Чолакоска уште осум...

На другата страна, Кукунешоска застана на бројката од 12.поени, но дефинитивно, остана без поддршка од соиграчите.

М16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Бaдел 1862 – Струга 2009         67:32

19.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/kWpuzAdq_XA?feature=share

7.ЈУНИ (СРЕДА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

17.00: Струга 2009 – Вардар/МЗТ Скопје Аеродром

ФИНАЛЕ

19.30:: Бадел 1862 – Вардар/МЗТ Скопје Аеродром

*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје