Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром го освоија третото место на завршниот турнир од М16 лигата откако во натпреварот кое носи бронзен медал, беа подобри од Струга 2009
СТРУГА 2009– МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 30:43
Екипата од Аеродром имаше постојана резултатска и играчка контрола во овој натпревар кој носи медал, оној бронзениот.
Практично девојките во „сино“ водеа во текот на сите 40.минути, и повеќе од заслужено стигнаа до триумфот.
Иако (од) играа со само една петорка, и тоа се покажа како доволно да се биде подобар од противникот.
Во првите десет минути, тимот кој го предводи Вела Красниќ направи висока предност од 12. поени (19:7), што се покажа како недостижно за стружанки. Во ниту еден момент од преостанатите три четвртини, тимот предводен од тренерот Владо Ѓоровиќ не успеа да ја сведе разликата на едноцифрена, а не да размислува и за нешто повеќе.
А првите десет минути беа и најефикасните на овој меч во кој на крајот, некако најважна беше победата на екипата од Аеродром.
Екипа во која Малиновска даде 13.поени, Карајованова имаше еден помалку, Белма Дечковиќ додаде девет, Димовска пет, а Максимова уште четири поени.
Белкоска реализираше десет поени кај Струга 2009. Премалку за ваков вид на натпревари во кои влогот е освојување на медал, во овој случај бронзениот...
М16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Бaдел 1862 – Струга 2009 67:32
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 92:54
7.ЈУНИ (СРЕДА)
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Струга 2009– МЗТ Скопје Аеродром 30:43
ФИНАЛЕ
19.30: Бaдел 1862 – Вардар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Z5tHPzZDKcM?feature=share