Во натпреварот кој нози бронзени медали на завршниот турнир од М16 лигата, во неизвесна завршница, кошаркарите на Баскет Кам славеа победа над МКК Куманово...
БАСКЕТ КАМ – МКК КУМАНОВО 66:63
Доста израмнето се играше во натпреварот за утешното трето место на турнирот во СЦ „Јане Сандански“. Макар што на полувремето екипата од Македонска Каменица имаше предност. Навистина, не голема, но доста значајна, со оглед на случувањата на теренот.
Откако на крајот на првата четвртина резултатот беше нерешен (16:16), во продолжението на играта Баскет Кам поведе со (33.28).
По паузата од 15.минити, екипата од Куманово најде начин да го стигне тоа водство. Иако им беа потребни десет минути, сепак, „сино-белите“ успеаја да го вратат резултатот во егал. По три одиграни четвртини беше (50:50), најава за драматична последна четвртина.
Во екипата која ја предводи тренерот Горан Даниловски се издвоија тројца кошаркари. Носители на играта беа Мијалов (посебно во првото полувреме), како и Јованов и Атанасов, кои во трите периоди веќе го надминаа двоцифрениот поентерски ефект.
На другата страна од теренот, слична распределба на поените. Кузмановски, Георгиевски и Цаневски најчесто беа во улога на реализатори на нападите на екипата од Куманово, која премина во водство (54:52) во 32.минута од „малото финале“.
И не се задоволија со тоа водство, избраниците на тренерскиот двоец Милош Нинковиќ-Мартин Атанасовски, напротив, за кратко време се одвоија и на плус 6 (58:52), откако ја пролонгираа својата серија на поени на (8-2).
Но не и нешто повеќе од тоа затоа што екипата од Македонска Каменица најде начин да го поништи тоа водство, и на 4:10 минути пред крајот повторно да имаме резултатски егал (60:60).
Сепак, Младеновски, со тројка, ја врати предноста на страната на МКК Куманово, (63:62). Крајот беше далеку, во последните три минути од играта, само четири поени, сите од линијата за слободни фрлања, и тоа на страната на Баскет Кам.
Прво Митревски, потоа и Јованов ги погодија четирите „пенали“, кои му донесоа на својот тим предност од (66.63), која кумановци не успеаја да ја стигна во псоледнито напад.
Па бронзените медали одат во рацете на кадетите од Македонска Каменица.
Од 13.30 часот, на ред е големото финале, во кое ќе се сретнат екипите на Водно Санс и Феникс 2010.
М16 ЛИГА-MAЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РEЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Водно Санс – Баскет Кам 104:58
Феникс 2010 – МКК Куманово 71:54
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Баскет Кам – МКК Куманово 66:63
ФИНАЛЕ
13.30: Водно Санс – Феникс 2010
ЛИНК:
*Сите натпревари се играат во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје