Кошаркарите на Водно Санс се најдобрите во кадетска конкуренција. Во финалниот натпревар од М16 лигата, во СЦ „Јане Сандански“, по голема борба, беа за нијанса подобри од екипата на Феникс 2010.
ВОДНО САНС – ФЕНИКС 2010 82:71
Кошаркарите на Водно Санс направија сериозна предност уште во првиот период од играта во големото финале. За десет минути, стигнаа до 12.поени позитива (27:15).
Ја одржуваа во најголем дел од втората четвртина. Имаа и уште поголеми (44:29), како што стоеше на семафорот во СЦ „Јане Сандански“ во 16. минута од играта. Нешиќ и Осман, со две тројки, ја сведоа негативата на Феникс 2010, на едноцифрена (35:44).
Но до крајот на првото полувреме, со поените на Лазов, Водно Санс сепак имаше двоцифрено водство, (47:37).
Токму Лазов, со 13. реализации, беше прв стрелец во Водно Санс, Јаничиќ и Сребров имаа по девет, а Марјановиќ и Бутемер по седум.
На другата страна од теренот, Ивановски и Осман имаа по осум, Нешиќ седум, а Цветковски еден помалку.
По паузата, сериозни обиди направија младите кошаркари на Феникс 2010 да ја достигнат таа висока позитива на противникот. По поените на Цветковски, во 18.минута, беа на само четири поени „растојание“ во однос на противникот (55:61). Но следуваа пет поени на „гостинот“, за ново одвојување, сега на (66:55). Слично беше и на истекот на третата четвртина (68:58). Водно Санс го одбрани тој напад на ривалот.
Со (5-0) ја отвори четвртината на одлука, екипата на Феникс 2010, се доближи на (63:68) во неполни две минути. Но Водно Санс ги имаше Сребров и Марјановиќ, кои се одбранија уште еднаш, и ја вратија предноста на двоцифрена (75:65).
Одново Феникс 2010 дојде на минус од пет поени (70:75), но следе две тројки, прво на Јаничиќ, потоа и на Лазов, за Водно санс има сигурно водство (81:71), но и само 1:53 минути до крајот.
Но се чини дека кај кадетите на Феникс 2010 немаше повеќе енергија да направат уште едно „враќање“ во овој финален натпревар.
Водно Санс е нов државен првак во кадетска конкуренција!
За да дојдат до златните медали одлично одработи стартната петорка во тимот кој го води Едо Имер. Јаничиќ постигна 21, Лазов 18, Сребров 15, Марјановиќ 14, а Бутемер уште 12. поени во победничката екипа.
Во онаа која ги освои сребрените медали, Феникс 2010, 18 запиша Ивановски, Цветковски имаше еден помалку, Нешиќ 14, Антиќ 9, а Осман уште осум поени.
М16 ЛИГА-MAЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РEЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Водно Санс – Баскет Кам 104:58
Феникс 2010 – МКК Куманово 71:54
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Баскет Кам – МКК Куманово 66:63
ФИНАЛЕ
Водно Санс – Феникс 2010 82:71