03.06.2023

Во полуфиналето, беа подобри од Баскет Кам односно МКК Куманово

ФИНАЛЕН ТУРНИР – М16-МАЖИ: Водно Санс и Феникс 2010 ќе се борат за кадетската титула

Екипите на Водно Санс и на Феникс 2010 ќе играат на финалниот натпревар од завршниот турнир од М16 лигата кој овој викенд се игра во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Во првото полуфинале, мошне убедливо, Водно Санс беше подобар од Баскет Кам од Македонска Каменица.

БАСКЕТ КАМ - ВОДНО САНС     58:104

Две одлишни четвртини им беа потребни на кадетите на Водно Санс да стигна до последниот меч од сезоната, оној кој ги носи кон златните медали.

Онаа првата, во која се стекнаа со двојно поголеми од кумановци (33:17) и третата во која беа уште поубедливи (32:9), повеќе од доволно да стигнат до финалето.

Ги водеа Лука Марјановиќ со дабл-дабл ефект изразен со реализација на 26.поени и 10.скока, Никола Јаничиќ кој пак беше блиски до троен ефект откако за само 23.минути во игра реализираше 19.поени, 10. скока и 7.асистенции. Сосема солидна поддршка добија и од Лазов, кој беше стрелец на 16.поени и Бутемер кој исто така беше „двоен“ кога се во прашање поените – 10, и скоковите – исто така 10.          

Во екипата од Македонска Каменица, Мијалов даде 18.поени, Тодоров имаше 11, но и исто толку скокови за 29.минути во игра.

ФЕНИКС 2010 – МКК КУМАНОВО       71:54

Противник во финалето ќе им биде кадетската екипа на Феникс 2010 која во вториот полуфинален меч одигран во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ го „доби“ составот на МКК Куманово.

На крајот и убедливо, со 17.поени „вишок“.

Ова полуфинале беше одлучено во втората четвртина. Онаа во која домаќинот на овој турнир, Феникс 201 направи предност од 15.поени (23:8), со која по почетните (19:17) на полувремето беше доста далеку од кумановскиот тим.

Феникс 2010 водеше со (42:25), но гостите немаа намера така лесно да му го препуштат на противникот местото во финалето.

Во продолжението од играта, кумановските кадети симнаа добар дел до негативата. Ја претворија и во едноцифрена, но немаа сили за нешто повеќе од тоа. Феникс 2010 имаше доста добар финиш во кој ја одбрани високата разлика од полувремето. Доволно да се најде во мечот кој ќе одлучи кој ќе биде државен првак во кадетска конкуренција.

Цветковски имаше 22. поени, шест асистенции и четири скока каај победникот. Ивановски реализираше 17, Шуменковски 14, а Стојановски уште десет поени.

За МКК Куманово, Кузмановски даде 13, Милковски имаше 12, а Цаневски уште 10.поени.  

 Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 70.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 4.јуни (недела) од 13.30. часот.

Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 45.000 денари.

Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 11. часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 25.000 денари. Поразениот тим во „малото финале“ ќе добие 20.000 денари од вкупниот награден фонд од 160.000 денари кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.

М16 ЛИГА-MAЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РEЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Водно Санс – Баскет Кам           104:58

Феникс 2010 – МКК Куманово 71:54

4.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

11.00: Баскет Кам – МКК Куманово

ФИНАЛЕ

13.30: Водно Санс – Феникс 2010

*Сите натпревари се играат во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје