Екипата на Борец баскет имаше одлично второ полувреме во кое го „скрши“ отпорот на екипата која важи за домаќин на завршниот турнир од М12 лигата во машка конкуренција кој овој викенд се игра во во Тетово.
ЉУБОТЕН ТЕТОВО - БОРЕЦ БАСКЕТ 45:64
Првото полувреме помина во константна предност на гостинската екипа. Момчињата од Велес имаа постојана резултатска предност, која успеаја да ја задржат и на полувремето да водат со (24:20).
Во исто темпо продолжи овој втор полуфинален натпревар и по паузата.
Борец баскет беше екипата која ја имаше предноста, „Љуботенци“ се обидуваа да ја стигнат таа не многу висока, но константна негатива која ја имаа од самиот почеток на натпреварот. Но, велешани поведоа и со повисоки (41:34), по шест минути игра од третата четвртина, која ја затворија со уште повисоки, двоцифрени (46:36).

Само како најава за победата и место во финалето, каде утре вечер од 17.30 часот, ќе играат против екипата на Вардар, која нешто порано беше подобра од МЗТ Скопје Аеродром.
Кимов имаше домиманатна игра во нападот, и оваа средба ја заврши со 34.поени, и имаше најголемо влијание во убедливиот триумф на Борец баскет.
Капитенот Билбиловски реализираше најмногу во домашната екипа, беше стрелец на 29.поени.
Нешто порано (од 15.часот), во битката за третото место и бронзените одличја ќе се сретнат двете поразени екипи од полуфиналето, МЗТ Скопје Аеродром и Љуботен.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М12-МАЖИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
10.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ-РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 66:56
ЉУБОТЕН ТЕТОВО - БОРЕЦ БАСКЕТ 45:64
11.МАЈ (НЕДЕЛА)
15.00: НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ - ЉУБОТЕН
17.30: ФИНАЛЕ
ВАРДАР - БОРЕЦ БАСКЕТ
*Сите натпревари ќе се играат во салата „8. Септември“ во Тетово