11.05.2025

Во натпреварот за третото место, екипата на МЗТ Скопје беше подобра од домаќинот на турнирот, Љуботен (74:30)

ФИНАЛЕН ТУРНИР М12-МАЖИ: Бронзените медали за младите кошаркари на МЗТ Скопје

Во натпреварот за третото место н финалниот турнир во М12 лигата во машка конкуренција, екипата на МЗТ Скопје го совлада тетовски Љуботен. 

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЉУБОТЕН        74:30

Младите кошаркари од Аеродром беа подобар ривал од своите врсници од Тетово.

Одиграа одлично во првото полувреме во кое се стекнаа со двојна поголема предност. На одмор заминаа со плус од 18.поени (36:18).

Во сличен стил се одвиваа работите и во продолжението од играта. Гостите од Скопје продолжија со доминантната игра, го одбранија стекнатото во првиот дел од играта, и ја потврдија победата со која се закитија со бронзените одличја на турнирот во Тетово.

Златановски беше прв стреелц во победничката екипа, реализираше 22.поени, два помалку, на другата страна од теренот имаше Билбиловски. 

Од 17.30 часот, следува финалниот меч на завршницата од М12 лигата. Ќе се сретнат екипите на Вардар од Скопје и Борец Баскет од Велес. 

ФИНАЛЕН ТУРНИР М12-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

ВАРДАР - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 66:56

ЉУБОТЕН ТЕТОВО - БОРЕЦ БАСКЕТ          45:64

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЉУБОТЕН        74:30

17.30:  ФИНАЛЕ - ВАРДАР - БОРЕЦ БАСКЕТ

*Сите натпревари се играат во салата „8. Септември“ во Тетово