10.05.2025

Во првиот полуфинален натпревар, „вардарци“ беа подобри од МЗТ Скопје Аеродром со (66:56)

ФИНАЛЕН ТУРНИР М12-МАЖИ: Вардар е прв финалист

Во доста израмнет меч, младите „вардарци“ одиграа подобро во второто полувреме, имаа сигурна завршница и заслужено се пласираа во финалето на турнирот во Тетово.

 ВАРДАР - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ            66:56

Клучен период од ова полуфинале беше третиот. Оној во кој Вардар направи резултатски пресврт. Негативата од полувремето (27:30), ја претворија во водство, кое по три одиграни периоди изнесуваше (49:42), кое со константно добра игра го претворија во голем триумф.

Данев постигна 25.поени во победничката екипа, додека Ламбевски имаше 19.

Во екипата на МЗТ Скопје, Златановски постигна 24.поени а Георгиевски имаше 14.

Со кого ќе игра Вардар во утрешното финале (17.30 часот), ќе биде познато по одигрувањето на вториот полуфинален меч во кој ќе играат екипите на Љуботен и на Борец Баскет.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

10.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

ВАРДАР - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 66:56

17.30: ЉУБОТЕН ТЕТОВО - БОРЕЦ БАСКЕТ

11.МАЈ (НЕДЕЛА)

15.00: НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ - ЉУБОТЕН ТЕТОВО/БОРЕЦ БАСКЕТ

17.30:  ФИНАЛЕ

ВАРДАР - ЉУБОТЕН ТЕТОВО/БОРЕЦ БАСКЕТ

*Сите натпревари ќе се играат во салата „8. Септември“ во Тетово