Екипите на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица и Патриот 2016 од Делчево ќе играат во финалето на М12 лигата во женска конкуренција.
Во борбата, односно до натпреварот кој е го даде државниот првак во најмалата возрасна категорија овие две екипи стигнаа на особено возбудлив и на крајот и драматичен начин.
Во првото полуфинале, девојчињата од Македонска Каменица имаа сигурно водство против Вардар, во последниот период и од десетина поени. Но домаќинот на овој турнир не се предаде, поништи поголем дел од високата негатива. Но на крајот остана покус за еден поен.
ВАРДАР – БАСКЕТ КАМ 2011 34:35
До финалниот меч од оваа пионерска конкуреција стигнаа и малдите кошаркарки од Делчево. На сличен начин, во доста израмнет меч, пресудни беа двете слободни фрлања кои ги реализираа на само неколку секунди пред крајот, за конечен успех на Патриот 2016
ПАТРИОТ 2016 – СТРУГА 2009 25:23
Во недела, од 12. часот, ќе се игра натпреварот за третото место во кој ќе се сретнат екипите на Вардар и Струга 2009.
Два часа подоцна, од 14.часот, на програмата е големото финале во кои ќе се борат екипите на Баскет Кам 2011 и на Петриот 2016.
М12 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Баскет Кам 2011 34:35
Патриот 2016 – Струга 2009 25:23
21.МАЈ (НЕДЕЛА)
ЗА ТРЕТО МЕСТО
12.00: Вардар – Струга 2009
ФИНАЛЕ
14.00: Баскет Кам 2011 – Патриот 2016
*Сите натпревари се играат во салата на КК „Вардар“ во Скопје