28.05.2023

Во финалето, младите кошаркарки од Делчево беа убедливо подобри од Баскет Кам 2011 (41:22), третото место е за Вардар

ФИНАЛЕН ТУРНИР-М12-ЖЕНИ: Патриот 2016 е шампион во женска пионерска конкуренција

Екипата на Патриот 2016 од Делчево е нов државен првак во М12 лигата на Македонија во женска конкуренција. Младите кошаркарки од Делчево беа убедливо најдобри на турнирот кој во изминатите два дена се одржуваше во Скопје.

БАСКЕТ КАМ 2011 – ПАТРИОТ 2016  22:41

Во натпреварот кој им ги донесе златните медали, екипата на Патриот 2016 беше подобра од Баскет Кам 2011 од Македонска каменица. По изедначеното прво полувреме, во кое по негативата од пет поени (10:5), направија пресврт, и поведоа со (17:11), младите кошаркарки од Делчево беа многу подобри од својот ривал во второто. На крајот и повеќе од заслужено стигнаа до шампионскиот трофеј во најмладата возраст во женска конкренција.

Тамара Гоцевска е најдобрата кошаркарка на турнирот 

Тамара Гоцевска, кошаркарката на Патриот 2016 беше избрана за најкорисне играч на дводневното дружење во Скопје, и залсуено го доби пехарот од рацете на спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Марјан Србиновски

ВАРДАР – СТРУГА 2009   23:21

Нешто порано, во салата на КК „Вардар“ во Скопје, се играше и натпреварот за брознените медали. Во доста израмнета игра, победникот беше решен во финалните минути. На крајот, победата ја однесе Вардар, кој беше и во улога на организатор на овој завршен турнир од М 12 лигата во женска конкуренција.

Младите „вардарки“ славеа со минимални (23:21), но доволни да си заминат со бронзените одличја.  

М12 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – Баскет Кам 2011        34:35

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Вардар – Струга 2009     23:21

ФИНАЛЕ

Баскет Кам 2011 – Патриот 2016        22:41