Селекцијата на Работнички е најдобрата во машката М14 лига за сезоната 2022/2023. Младите кошаркари од „Градски парк“, на „свој терен“, стигнаа до првото место, односно шампионскиот пехар наменет за најдобрите во оваа пионерска конкуренција.
Во финалето на турнирот во Скопје, беа доста подобри од ИБА Академија, на крајот тоа делува и убедливо (84:65), и апсолутно заслужено, четата на тренерот Нермин Пепиќ им се радуваше на златните медали.
Третото место на завршниот турнир одигран во „Градски парк“ им припадна на младите кошаркари на Вардар. Беа подобри, и тоа доста, од своите врсници од Куманово (70:48).
Стефан Илиев е најкорисниот играч на турнирот во „Градски парк“
Немаше многу дилеми во изборот на најкорисниот играч на дводневниот собир во Скопје. За своите одлични изданиеја на двата натпревари, особено во оној кој одлучуваше за шампионската титула, играчот на Работнички, Стефан Илиев покажа најмногу.
Не само поради реализацијата на 33.поени, туку и поради улогата на носител на играта на сега веќе новиот пионерски шампион за сезоната 2022/2023.
ФИНАЛЕ
РАБОТНИЧКИ – ИБА АКАДЕМИЈА 84:65
(22-19; 26-18 23-20; 13-8)
РАБОТНИЧКИ: Дечков, Тоевски 9, Геговски 1, Пе. Пановски 5, Па. Пановски, Сотир 17, Трајков, Бошковски 19, Илиев 33, Палазов, Лепавцов, Антовски;
ИБА АКАДЕМИЈА: Божиновски 17, Солев 13, Јанкуловски 10, Бегети 8, Мицковски 6, Карикински 5, Бојаџи, Давитковски 6, Иванов ;
ЗА ТРЕТО МЕСТО
ВАРДАР – КУМАНОВО 70:48
(17-16; 13-5; 16-16; 24-11)
ВАРДАР: Гиновски 27, Стојковски 4, М. Марковски, Митевски 3, Рајковски 13, Трпчевиќ 6, Дуев, Поповски 8, Сејфула 7, Чадиновски 2, Велковски, Андрејевски ;
КУМАНОВО: Оцетек 4, Ангеловски 6, А.Ангеловски 13, Петрушевски 8, Ѓорѓиевски 8, Тодоровски 2, Павловиќ 2, Димковски 3, Максимовски, Додевски 2;
М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ
Работнички – Вардар 90:72
ИБА Академија – Куманово 79:54
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Вардар – Куманово 70:48
ФИНАЛЕ
Работнички – ИБА Академија 84:65