07.06.2025

Младите „вардарки“ стигнаа до голема победа против Тим Арена (69:62) во вториот полуфинален натпревар на турнирот во Битола

ФИНАЛЕН ТУРНИР М14 ЛИГА-ЖЕНИ:  Вардар ќе го предизвика Петровски во финалето

Екипата на Вардар е вториот учесник во финалето на М14 лигата во женска конкуренција.

По голема борба во текот на целиот натпревар, на крајот, младите„вардарки“ славеа победа над штипска Тим Арена.

ТИМ АРЕНА – ВАРДАР     62:69

Младите кошаркарки на Вардар се стекнаа со солидна предност во првото полувреме. Имаа плус од седум поени (29:22) на истеккот на првиот дел од полуфиналето.

Екипата од Штип направи пресврт во третата четвртина. Тим Арена ја доби таа делница со (26:17), доволно за да го превземе водството (48:46).

Но онаа последната, и решавачката им припадна на пионерките на Вардар, со идентичен плус од девет поени (23:14), доволен за пласман во финалето кое е на програмата утре попладне, од 14.30 часот, а за противник го имаат домаќинот на овој турнир, екипата на Петровски.

Во малото финале, од 12.часот, во салата „Боро Чурлевски“ во Витола, пак ќе играат делчевски Патриот 2016 и штипска Тим Арена.

Капитенот Ивановска дојде до 27.реализации, Блажевска забележа 13.поени, а Антова реализираше уште 11.поени за Вардар.

Дојчинова дојде до 26.поени, Балабанова дополни со уште 17.поени за Тим Арена.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М14 ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Петровски – Патриот 2016        70:53

Тим Арена – Вардар        62:69

8.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

12.00 Патриот 2016 - Тим Арена

ФИНАЛЕ

14.30:Петровски - Вардар