Во финалниот натпревар, битолчанки беа многу подобар противник од скопски Вардар (66:33), и апсолутно заслужено го освоија победничкиот пехар, наменет за најдобрата екипа во М14 лигата во женска конкуренција.
ПЕТРОВСКИ – ВАРДАР 66:33
Младите кошаркарки на Петровски уште во првиот период од играта обезбедија двоцифрена разлика. Поведоа со (18:8 и најавија поход на шампионската титула во оваа женска пионерска конкуренција.

Вељановска реализираше десет, а А. Момоковска уште шест поени во таа висока позитива која ја имаше екипата од Битола на полувремето (32:19). Додека на другата страна, капитенот на Вардар, Ивановска, даде седум.
Домашните кошаркарки доминираа и по големиот одмор. Практично го оставија противникот без никакви шанси да размислува за било какво „враќање во натпреварот“.
Напротив, како одминуваа минутите, така растеше предноста на Петровски, која на крајот беше и двојно поголема од бројките кои ги имаше Вардар.

За прво место и толку посакуваниот шампионски пехар на турнирот во М14 лигата, кој успешно го организираа во изминатите два дена.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М14 ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ
Петровски – Патриот 2016 70:53
Тим Арена – Вардар 62:69
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Патриот 2016 - Тим Арена 62:57
ФИНАЛЕ
Петровски – Вардар 66:33