Екипата која е организатор на завршницата, делуваше доста сигурно во текот на целиот полуфинален натпревар, и на крајот убедливо го порази делчевски Патриот 2016.
ПЕТРОВСКИ – ПАТРИОТ 2016 70:53
Одличен почеток на полуфиналето имаа домашните кошаркарки. Во првата четвртина се стекнаа со двоцифрена предност (18:6). Доста поизедначено се играше во вториот период, во која сепак, гостинките од Делчево, не успеаја да се доближат до некоја пониска негатива.
На полувремето Петровски водеше со (35:24).

Сите дилеми, се чини беа симнати во третата четвртина, Онаа во која битолчанки направија убедливи (21-8), доволно за недостижни (56:32).
Анастасија Момоковска даде 21, нејзината сестра Ана Момоковска додаде уште 15. поени за победничката екипа.
Атанасовска реализираше 14.поени, а Манова имаше уште 12.реализации за екипата од Делчево.
Од 16.30 часот, во второто полуфинале, ќе се сретнат екипите на Тим Арена од Штип и скопски Вардар.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М14 ЛИГА-ЖЕНИ
ПОЛУФИНАЛЕ
7.ЈУНИ (САБОТА)
Петровски – Патриот 2016 70:53
16.30: Тим Арена – Вардар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/lQNaElLb3Ws?si=qmNb5ZzhVlQUOq8z
8.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
12.00: Натпревар за трето место – Патриот 2016 - Тим Арена/Вардар
14.30: Финале – Петровски - Тим Арена/Вардар