04.06.2023

Во финалниот натпревар од М14 лигата, беа подобри од екипата Тим Арена (55:36), бронзени одличја за Вардар

ФИНАЛЕН ТУРНИР-М14-ЖЕНИ: Бадел 1862 ги има најдобрите пионерки

Екипата на Бадел 1862 од Скопје е освојувач на шампионската титула во М14 лигата во женска конкуренција.

Вечерва, во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка, во финалето на турнирот во оваа возрасна категорија, беа подобри од штипска Тим Арена.

На крајот сето тоа делува(ше) и убедливо...

ФИНАЛЕ

ТИМ АРЕНА – БАДЕЛ 1862        36:55

(8-19; 11-11; 11-14; 6-11)

ТИМ АРЕНА: Колева 19, Јорданова 9, А. Иветиќ 2, Милева, Тосева, Илиевска, Здравкова 2, Варадинова, Данилова 4, Трајанова;

БАДЕЛ 1862: Сарафилоска 14, Милосављевиќ 9, Димитријевиќ 10, Тосевска, Сотиров, Младеновска, Панкова 22, Дамевска, Атанасова, Мојсовска;  

Младите „баделки“ остварија предност уште во првата четвртина од овој финален натпревар. Поведоа со двоцифрена разлика (19:8), која ја задржаа до полувремето, (30:19). Штипјанки пружаа отпор и во третиот дел од играта, но немаа доволно расположени кошаркарки освен Колева и Јорданова, за да направат било каков пресврт.

Бадел 1862 имаше поголем број на кошаркарки кои знаат и добро и да поентираат. На овој меч поентерски во преден план беше Панкова, која реализира 22.поени, но тука беа и Сарафилоска, која даде 14, Димитријевиќ, која го заврши овој натпревар со десет постигнати поени, еден помалку од неа имаше Милосављевиќ.

И повеќе од доволно за тимот кој го предводи тренерот Дарко Димитријевиќ го потврди својот квалитет, а тоа да го преточи во пионерско злато.

ФОТО: Девојките од Тим Арена го освоија второто место на турнирот

Претходно, во натпреварот за третото место на завршниот турнир, Вардар беше подобар од домаќинот на овој турнир, Крива Паланка...

ЗА ТРЕТО МЕСТО

КРИВА ПАЛАНКА - ВАРДАР       55:83

(14-10; 15-22; 11-22; 15-29)

КРИВА ПАЛАНКА: Грчевска 25, Стојановска, Цветковска 8, М. Велковска 6, Стојчевска 3, Ѓорѓиевска 2, Митовска, Б. Велковска 2, Стојановска 4, Бошковска 2, Николовска, Павловска 3;  

ВАРДАР: Ристеска, Димитровска 5, Начевска 8, Пислевска 35, Стојановска 2, Костова 4, Трајковска 18, Столеска, Николиќ, Гиновска 3, Ефтовска, Илиевска 4, Стефковска 4;

Освен во првата четвртина, „вардарки“ беа подобар противник од домашната екипа. Девојчињата од Крива Паланка одржуваа каков-таков резултатски приклучок во првото полувреме, во кое Вардар поведе со (32:29).

ФОТО: Во „малото финале“, Вардар беше подобар од Крива Паланка

Но во второто полувреме, младите кошаркарки на Вардар доминираа во целост. По убедливите (22-11) во третата четвртина, се одвоија на високи (54:40), па последниот период беше само одработување на задачата

Вардар го доби бронзените медали, во голема мерка и поради одличниот поентерски настап на Пислевска, која средбата ја заврши со 35.поени, и на Трајковска која имаше уште 18 во победничката екипа.

Кај Крива Паланка, далеку напред, со 25.поени беше одличната Грчевска.

Ана Сарафилоска е најкорисен играч на турнирот во Крива Паланка

Младата кошаркарка на екипата на Бадел 1862. Ана Сарафилоска е прогласен како најкорисна на овој завршен турнир кој изминатиот викенд се играше во Крива Паланка.

Сарафилоска имаше два успешни настапи, како во полуфиналето, на средбата против Вардар (победа од 68:51), на која реализираше 28.пени, но и во големото финале, против Тим Арена (убедливи (55:36), каде со помош на Панкова, беше креатор на победата вредна шампионски пехар за Бадел 1862.

М14 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Крива Паланка – Тим Арена     50:54

Вардар – Бадел 1862      51:68

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Крива Паланка – Вардар           55:83

ФИНАЛЕ

Тим Арена – Бадел 1862           36:55