Екипата на ИБА од Скопје е освојувач на бронзените одличја на завршниот турнир од М16 лигата во машка конкуренција, откако во натпреварот за третото место беше подобра од МЗТ Скопје Аеродром.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ИБА 61:82
Голем играчки и резултатски пресврет направија младите кошаркари на ИБА во втората четвртина. Десет минути во кои стартната негатива од пет поени (16:21), ја претворија во свое водство, доста солидно (36:30), кое го имаа на полувремето од натпреварот за третото место на финалниот турнир од М16 лигата во машка конкуренција.

На (скоро) беспрекорниот Солев, кој во првото полуврреме ги погоди сите обиди од поле (5/5), во продолжението одлична „логистика“ донесе Милошевски кој во таа рана фаза од второто полурвеме стигна до 16.реализации. Односно само еден помалку од Солев, кој со 13 скокови, веќе дојде до двоен ефект.
ИБА имаше и повисоко водство (53:36) кога се играше 29.минута од натпреварот кој решаваше која од овие две екипи ќе ги освои бронзените медали.
Крстев беше првиот играч на МЗТ Скопје, кој ја надмина двоцифрената бројка на реализации, по три одиграни четвртини имаше 12, но противникот водеше со високи (57:40).

Дека се подобра екипа од МЗТ Скопје, кадетите на ИБА потврдија и во последните десет минути во кои ја „кренаа“ позитивата на недостижна. На нецели две минути пред крајот, имаа и плус 25 (82:57), и заслужено трето место на „фајнал-форот“ во кој од, 19.30 часот, за шампионската титула ќе се борат, старите, добро познати ривали, екипите на Вардар и на Воднно Санс.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
МЗТ Скопје Аеродром – Водно Санс 54:68
ИБА – Вардар 59:64
ЗА ТРЕТО МЕСТО
МЗТ Скопје Аеродром – ИБА 61:82
ФИНАЛЕ
19.30: Водно Санс – Вардар
*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“ – Скопје