10.06.2025

Во вториот полуфинален натпревар, со победничка серија од (14-0) во последните две минути, „вардарци“ го совладаа составот на ИБА (64:59)

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ: Вардар ќе игра уште едно финале, она кадетското

Вториот полуфинален натпревар од завршниот турнир на М16 лигата во машка конкуренција, во кој се сретнаа екипите на ИБА и на Вардар, донесе далеку поголема изедначеност, но и поголема неизвесност околу тоа која од нив ќе биде финалист, и утре навечер од 19.30.часот, ќе игра против екипата на Водно Санс.

По голем број на промени на водството, егал-резултат во најголем дел од мечот, на крајот, победата вредна финале, по серијата од (14-0) во финалните две минути, ја однесоа кадетите на Вардар.

ИБА – ВАРДАР        59:64

Двете екипи „добија“ по една четвртина во првото полувреме. Вардар беше подобар во пррвиот период, водеше со (13:11), но ИБА се врати во вториот, кој го „реши“ во своја корист за да се стекне со минимално водство.

На полувремето, во екипата на ИБА, Солев веќе беше на дабл-дабл ефект од 13.поени и 10.скока, го следеше Милошевски, кој додаде девет реализации.

Кај Вардар, одлично парираше Рајковски, уфрли 12.поени (имаше и шест скока).

Вардар поведе на почетокот на второто полувреме (36:32), но „закочија“ вардаровите кадети на бројката 36.

Во меѓувреме, младите играчи на ИБА „врзаа“ девет поени, за нова промена на водството сосема солидно, (41:36).  

Имаа и повисоки (44:36), во 28.минута од полуфиналето, а Милошевски беше вториот играч на АБА, покрај Солев, со двоен број на поени, што беше доста важно со оглед на развојот на ситуацијата на теренот.

Но имаше што да кажат и „вардарци“, кои со мини-серија (8-0), брзо се вратија во егал (44:44).  

Така беше и по три одиграни четвртини, двете екипи имаа по 47.поени...

На средина од последната, по серијата (10-3), екипата на ИБА се одвои на сосема солидни (57:50).

Но Вардар имаше „одговор“, пет поени во серија за „влез“ во нова неизвесност во последните две минути (55:57). 

Во многу важен момент, Митевски погоди тројка, и ја продолжи серијата на поентирање која го донесе Вардар во ново водство (58:57). И не застанаа тука „вардарци“, таа своја серија ја „покачија“ на (13-0) за голем, победнички пресврт, водство (63:57), и триумф вреден финале.  

Рајковски го заврши овој полуфинален меч со 25. поени (8.скока и 3.асистенции). Трпчеви беше „двоен“, со 11. поени и 14.скока, а Чаидновски додаде десет поени (и пет скока. 

Кај ИБА, Солев дојде до двоен учинок, имаше 20. поени и 16.скока, Милошевски додаде 11 и 8.скока, додека Божиновски застана на ефект од 12.поени и 9.асистенции.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

МЗТ Скопје Аеродром – Водно Санс 54:68

ИБА – Вардар         59:64

11.ЈУНИ (СРЕДА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

17.00; МЗТ Скопје Аеродром – ИБА

ФИНАЛЕ

19.30: Водно Санс –Вардар

* Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“ – Скопје