11.06.2025

Во финалето на кадетскиот шампионат, со сјајна последна четвртина, Водно Санс го победи Вардар (85:76) доволно за златни медали

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ: Водно санс му се реваншираше на Вардар, ја освои кадетската титула

Екипата на Водно Санс е државен првак во машка кадетска конкуренција, откако во последниот меч од сезоната во М16 лигата, и воопшто во младинските лиги од натпреварувачката сезона 2024/2025,  извојува злато вредна победа против екипата на Вардар.

ВОДНО САНС – ВАРДАР  85:76

Одлични, и повеќе од тоа (12:4) направија кошаркарите на Водно Санс во впведните неколку минути од финалето. Проба тренерот на Вардар, Иванов, со тајм-аут да ја прекине серијата на противникот. Но не успеа во тоа, затоа што Водно Санс стигна и до (18:4) по само пет минути од играта.

Нешто потоа имаа идентични (20:6), пред „вардарци“ да ги прекинат тој „црн период“ од неколку минути без реализација. Нешто како вовед во подобра игра во нападот, (Трпчевиќ нанижа 12.поени во тој дел), која резултираше и со намалување на високата негатива, на едноцифрена (17:25).

Дојде Вардар и на само „два поседи“ заостанување (21:27) во две минути игра од втората четвртина. Им беа потребни уште две, парцијално да направат (13-3), и да дојдат до нерешен резултат (30:30).

И тајм—аут на страната на Водно Санс.

Екипата која имаше предност по истекот на првите 20.минути од три поени (46:43).

Креирана со „помош“ на тројца кошаркари, Стаменковски, кој постигна 15, Ангеловски кој имаше 14, и Стевков кој дојде до 10.поени.

На спротивната страна на игралиштето, Рајковски со најдобар ефект од 14.поени, но и по пет скока, и исто толку асистенции, и Трпчевиќ кој првото полувреме го затвори со 12.реализации и 5.скока.

Третиот дел од финалето донесе и резултатска промена. Вардар ја презема контролата врз играта, согласно со тоа и над резултатот. Минусот од полувремето го претворија „вардарци“ во позитива од пет поени (59:52), како што беше скорот во 28.минута.

Беше нешто помала по три одиграни четвртини (62:58).

Водно Санс анулираше уште три до „половина“ од последната четвртина (67:68), па она втората полека почна да добива дополнителна драматика. Особено што тимот кој го предводи тренерот Горан Андреевски веќе во следниот напад, премина во водство, макар и минимално (69:68).

Имаа кадетите на Водно Санс и повисоки (74:70), на нецели три минути пред крајот. Но со тројка, го „поништи“ Рајковски (75:74). Врати најдобриот поединец на Водно Санс, Ангеловски. Прво за нова промена на водството (76:75), а потоа погоди и за повисоки (78:75) на 1:14 минути пред крајот.  

А тројката за победа, дојде од Муратовски, за плус 6 (81:75) на 38. секунди пред последниот звук на сирената.

Кај Водно Санс, поентерски се одвоија тројца кошаркари. Ангеловски финишираше со 29.поени (10.додавања и 4.скока), Стаменковски имаше дабл-дабл ефект од 24.поени и 15.скока (и четири асистенции), додека Стевков заврши со 13. поени и 10.скока.  

Рајковски го предводеше кадетскиот состав на Вардар, реализираше 28.поени, но имаше и 9.скока и 7.асистенции, Трпчевиќ дојде до учинок од 15.поени и 9.скока.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

МЗТ Скопје Аеродром – Водно Санс 54:68

ИБА – Вардар         59:64

ЗА ТРЕТО МЕСТО

МЗТ Скопје Аеродром – ИБА    61:82

ФИНАЛЕ

Водно Санс – Вардар       85:76