Овој викенд на програмата следува финалниот турнир во М16 лигата во машка конкуренција.
Екипата на Феникс 2010 ја доби организацијата на турнирот, кој во сабота и во недела ќе се игра во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Водно Санс и Баскет Кам од Македонска Каменица е закажано за 11. часот. А нешто подоцна, од 13.30. часот, за место во финалето ќе разигруваат МКК Куманово и домаќинот на овој турнир, екипата на Феникс 2010.
Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 70.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 4.јуни (недела) од 13.30. часот. Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 45.000 денари.
Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 11. часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 25.000 денари. Поразениот тим во „малото финале“ ќе добие 20.000 денари од вкупниот награден фонд од 160.000 денари кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.
М16 ЛИГА-MAЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
3.ЈУНИ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
11.00: Водно Санс – Баскет Кам (1)
ЛИНК:
13.30: Феникс 2010 – МКК Куманово (2)
ЛИНК:
4.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
11.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
13.30: Финале (победник 1) – (победник 2)
*Сите натпревари се играат во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје