Екипата на Водно Санс е вториот финалист на завршниот турнир од М18 лигата во машка конкуренција, откако во вториот полуфинален натпревар го декласираа јуниорскиот состав на Феникс 2010 со повеќе од убедлив триумф.
ВОДНО САНС – ФЕНИКС 2010 116:78
Феноменално прво полувреме, поточно втора четвртина имаа кошаркарите на Водно Санс во втората полуфинална пресметка на финалниот турнир во СРЦ „Кале“, односно мечот со Феникс 2010.
Ако во првиот период најавија дека се подготвени да одат до крајот, односно до последниот меч во сезоната кој го дава новиот шампион, во вториот вистинска експлозија на јуниорите на Водно Санс.

По воведното водство (25:17), по десет минути игра, во наредните десет, кошаркарите кои од клупата ги предводи Горан Андреевски, реализираа дури 39. поени, примија многу помалку, односно само 17, за неверојатен плус од 30.поени (64:34), кој го имаа на големата паауза.
Блескаше двоецот Димовски-Сребров, искомбинираа младите кошаркари вкупно 43. поени во тие 20.минути од вториот полуфинален меч, но никако не треба да се занемари и ефектот на Бутемер, кој во тој дел од играта веќе беше на чекор од троен ефект. Затоа што, освен девет поени, имаше и исто толку успешни додвања, но и осум скока, како и четири освоени топки.
На другата страна, колку-толку парираше Цветковски, стрелец на 15.поени, но без вистинска поддршка од соиграчите, особено во фазата на нападот.

Второто полувреме донесе скоро иста „слика“ на теренот. Кошаркарите на Водно Санс не застанаа, продолжија да го полнат кошот на противникот. Брзо дојдоа до позитива и од 40.поени (84:44), па претстанатото време, тренерот на Водно Санс го искористи да им даде простор и на резервистите, а да ги одмори стартерите пред утрешното финале (15.30 часот) со Вардар.
Бутемер остана на чекор од троен ефект, затоа што освен 15.поени, имаше и 11.асистенции и 9.скока. Сребров застана на 28.поени, еден помалку имаше Димовски, а Крајчевски заврши со 14.
Цветковски броеше до 32, а Стојановски го следеше со 15.поени во поразената екипа која утре попладне (13.часот), ќе игра за бронзените медали против екипата на Работнишки 2018.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Работнички 2018 109:74
Водно Санс – Феникс 2010 116:78
8.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
ЗА ТРЕТО МЕСТО
13.00: Работнички 2018 - Феникс 2010
ФИНАЛЕ
15.30: Вардар - Водно Санс
*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“ - Скопје