Во натпреварот за третото место, голем број на промени на водството и на крај победа за екипата Работнички 2018.
РАБОТНИЧКИ 2018 - ФЕНИКС 2010 95:88
Доста израмнет натпревар во првото полувреме видоа гледачите кои дојдоа во СРЦ „Кале“ за да присуствуваат на финалниот ден од завршницата на М18 лигата во машка конкуренција.
Феникс 2010 го доби првиот период со (25:22), а во исто темпо се одвиваа работите и во вториот квартал од играта во кој, тимот кој го предводи тренерот Милан Димитриевски, го одржуваше тоа не така високо, но постојано водство.

Во 19.минута, Феникс 2010 имаше плус од шест поени (46:40). Но последниот збор во тоа прво полувреме го имаа кошаркарите во „црвено-бела“ комбинација, Работнички 2018 направи серија од (9-0) за пресврт и водство на полувремето од (49:46).
Во голема мерка, по заслуга на двоецот Павловски (стрелец на 18.поени) и Давидовски (10), а на другата страна одлично, поентерски, парираа Цветковски (14.поени) и Ивановски (12).

Во продолжението, Работнички го зголеми своето водство, по поените на Нешовиќ (дојде до 17.поени за кратко време), имаше (59:51). Но со серијата од (9-1) противникот успеа да изедначи на (60:60) по 25.минути игра.
Но „црвено-белите“ брзо се соземаа, ја вратија предноста на своја страна, по три одиграни четвртини, водеше Работнички 2018 со резултат (76:68).
Идентична предност играчите кои ги предводи Оливер Тасков имаа и на помалку од пет минути до крајот на мечот за третото место (85:77). Не помогна ниту тајм-аутот за Феникс 2010, затоа што ривалот поведе и со (89:77) на две и пол минути пред крајот.
Павловски го заврши овој натпревар како стрелец на 29.поени (8.асистенции и 5.скока), Нешовиќ застана на 19 (и 11.скока), Котев на 12, а Давидовски додаде уште 10.поени за екипата на Работнички 2018. Во екипата на Феникс 2010, Цветковски запише 29.поени, Ивановски имаше 18, а Стојановски 17.поени.
РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Работнички 2018 109:74
Водно Санс – Феникс 2010 116:78
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Работнички 2018 - Феникс 2010 95:88
ФИНАЛЕ
15.30: Вардар - Водно Санс
*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“ - Скопје