Во првиот полуфинален натпревар од финалниот турнир од М18 лигата во машка конкуренција, екипата на Вардар беше убедливо подобар противник од Работнички 2018.
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 2018 109:74
Првото посериозно водство Вардар го имаше во осмата минута. Водеа момците во „црно-црвена“ комбинација со (20:13), доволно за првиот тајм-аут на спротивната страна.
Не застанаа тука избраниците на тренерот Илчевски, ја зголемија предноста и на (25:13). Сите пет стартери се зпаиша во листата на тсрлеците, Данев веќе искреира осум поени во тие први десет минути во кои Вардар имаше и двојно повисоки (26:13), за тој дел од играта да заврши со (27:17).

Со две тројки (Ѓорѓевиќ и Ефтимовски) Вардар го отвори вториот период, за водство од (33:19) по две минути игра. По третата, која ја реализираше Митревски, имаа и највисоки (38:20).
Работнички намали на (29:42), но тргна нова серија на „вардарци“, која ги донесе до уште поубедливи (54:31).
Тоа ефикасно полувреме го затворија со резултат (59:37). Период во кој капитенот Марјановиќ веќе имаше 14.поени, Данев даде еден помалку, додека Митревски уфрли уште 11. Исто толку поени на другата страна од теренот имаше Котев.

Третиот дел од полуфиналето беше и најизедначен. Дури, кошаркарите на Работнички го добија со (21:19), но негативата остана голема (58:78).
До крајот на натпреварот комплетната стартна петорка на Вардар ја надмина бројката од десет и повеќе реализации.
Данев имаше дабл-дабл ефкет изразен со реализација на 20.поени и 12.скока, Марјановиќ постигна 22, Митревски заврши со 14. исто толку постигна и Ѓорѓевиќ, Терзиевски со 13, а Стојановски и Ефтимовски со по 10. поени.
Слична беше „распределбата на поените“ кај Работнички 2018. Нешовиќ финишираше со 17.поени (и 11. скока), Котев заврши со 15, Павловски имаше 14, а Нановски уште десет поени.
Во вториот полуфинален натпревар од финалниот турнир, од 15.30.часот, ќе играат екипите на Водно Санс и на Феникс 2010.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ
7.ЈУНИ (САБОТА)
Вардар – Работнички 2018 109:74
15.30: Водно Санс – Феникс 2010
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/thzhD7f-Y_s?si=6KjkAFbrTRg4FYog
8.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
13.00: ЗА ТРЕТО МЕСТО – Работнички 2018 - Водно Санс/Феникс 2010
15.30: ФИНАЛЕ – Вардар - Водно Санс/Феникс 2010
*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“ - Скопје