Кошаркарите на Вардар се новитее државни прваци во М18 лигата во машка конкуренција.
Во големото финале од завршницата на јуниорскиот шампионат, по голема борба, до последните секунди излегоа како победници прптив екипата на Водно Санс.

ВАРДАР - ВОДНО САНС 98:91
Кошаркарите на Водно Санс поведоа со (10:6) во раната фаза од финалето, но Вардар врати, во четири минути, создаде десет поени „вишок“ за водство од (21:15) по нешто повеќе од осум минути играње.
Имаа „вардарци“ слични (25:20), пред да дојде тројката на Петровиќ, за намалување на нивната позитива на (23:25), а по поентирањето на Димовски, со звукот на сирената, Водно Санс, за кого повторно заигра и Никола Јаничиќ, премина во водство (26:25).

Имаа и повисока позитива, од пет поени (34:29), но Вардар брзо израмни на (35:35) во средината на втората четвртина. За кратко, затоа што противникот одново „побегна“ одново, (36:39) по поените (вкупно 16) на расположениот Димовски.
Но и Вардар даде одговор, преку Митревски, за нов егал скор, сега од (42:42) во финалето.
Одличното прво полувреме во СРЦ „Кале“ беше затворено резултат (51:50) во корист на Вардар, но и со неколку атракции, го одбележаа, не само поентерски, Терзиевски, Марјановиќ, Ѓорѓевиќ и Митревски (искомбинираа 44. од вкупно 51.поен) на едната страна, односно Димовски и Бутемер на другата.

Четири минути од третата четвртина им беа потребни на младите кошаркари на Вардар да изградат солидно, не и високо водство (60:55). Пред крјаот на овој дел од финалето имаа и повисоки (75:67), а по три одиграни периоди, Вардар водеше со нешто пониски (75:68).
Имаа и (78:70) во првите две минути од решавачката четвртина, но Водно Санс направи серија од седум поени, за да донесе драматика во финалето, намали на (77:78). По тајм-аутот, стигна, навреме, тројката на Ѓорѓевиќ, за прекин на серијата (81:77).
Но за кратко, Водно Санс беше во налет, Бутемер и Димовски донесоа нова промена на водството (82:81), а во средишниот дел од четвртината на одлука имаа и повисоки (84:81). Го поништи тројката која дојде од Ефтимовски (84:84), кој погоди и за ново водство на Вардар (86:84).

Потегот на натпреварот го имаше Данев, кој оствари офанзивен скок, и положи за (90:87) и остави половина минута за конечна одлука во финалето.
Драматични секунди, и повеќе од тоа, а во кои на крајот победата и златото им припадна на јуниорите на Вардар.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Работнички 2018 109:74
Водно Санс – Феникс 2010 116:78
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Работнички 2018 - Феникс 2010 95:88
ФИНАЛЕ
Вардар - Водно Санс 98:91