21.05.2023

Во големото финале на турнирот, девојките од Македонска Каменица беа подобри од оние од Крива Паланка (69:50)

ФИНАЛЕН ТУРНИР-М18 ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет кам ги обедини двете титули, по сениорската ја освои и онаа во јуниорска конкуренција

Големото финале на турнирот во Македонска Каменица донесе големи возбудувања, а полното гледалиште во салата „Кирил и Методиј“ виде квалитетен натпревар на двете најдобри младински екипи во овој момент. Победата и златните медали останаа во малото рударско гратче, Баскет Кам 2011 ја освои титулата во женска јуниорска конкуренција

КРИВА ПАЛАНКА – БАСКЕТ КАМ 2011          50:69

Одлични шест стартни минути имаа кошаркарките на Баскет Кам 2011, предводени од расположената Караѓозова, креираа почетно водство од (17:5).

Но екипата на Крива Паланка најде решение брзо да се врати назад во натпреварот. Високата Петреска, потпомогната од Стоименова и Алексовска ја вратија Крива Паланка во егал-резултат (19:19) како што беше на истекот на прбата четвртина од финалето во Македонска Каменица.

Сличне беше текот на играта и во втората...

Уште еднаш екипата на Баскет Кам 2011 успеа да се одвои. По поентирањето на Ѓуковиќ, во 16.минута домаќинот поведе со (31:23).

Добра вест за тренерот Јордан Цветановски беше тоа што освен Караѓозова, се разигра и „моторот“ на екипата, Марија Николов. До полувремето двоецот на Баскет Кам 2011 имаше по 12. поени. Но голем придонес во двоцифреното водствот(37:27) со осум реализации даде и Ѓуковиќ.

На другата страна, доста добра беше распределбата на поените.

Петреска запиша девет поени, Алексовска имаше седум, исто како и Стоименова.

Но девојките кои од клупата ги предводи Виктор Петровски имаа сериозен проблем во играта, преголем број на загубени топки.

И тоа како видливо, на средината на третиот период, имаа дури 18, што екипата домаќин го искористи и ја зголема разликата. Во 25.минута, а по положувањето на Милованова имаа плус 15, (49:34).

Не вредеше ниту тајм-аутот на Петровски, Баскет Кам 2011 дојде и до позитива поголема од 20.поени (56:35), па младиот тренер мораше да побара уште една минута одмор, но и совети како понатаму во преостанатите неполни три минути од третата четвртина.

И тоа остана без посакуваниот ефект за екипата од крива Паланка. Кога веќе стигнаа до така висока предност, домашните кошаркарки не ја направија грешката од првата четвртина. Не дозволија противникот да им го загрози високото водство, и да се понадева на уште еден пресврт.

Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица е нов државен првак во женската М18 лига за сезоната 2022/2023.

М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Баскет Кaм 2011 – Бaдел 1862 70:52

Тим Арена – Крива Паланка     57:76

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Тим Арена – Бaдел 1862           54:61

ФИНАЛЕ

Крива Паланка – Баскет Кaм 2011     50:69