Вториот полуфинален натпревар на турнирот во Македонска Каменица донесе доста позрамнета игра во која сепак, домаќинот, екипата на Баскет Кам 2011 стигна до финалниот меч, и шанса да го освои шампионскиот трофеј.
БАСКЕТ КАМ 2011 – БАДЕЛ 1862 70:52
Уште во првите десет минути од второто полуфинале, кошаркарките на Баскет Кам 2011 се стекнаа со солидно водство. На крајот и двоцифрена беше нивната позитива (23:11).
Но како одминуваа минутите, така младите кошаркарки на Бадел 1862 се ослободуваа од тој почетен притисок. Заиграа доста поцврсто, не дозволуваа „лесни поени“, како што тоа беше случајот во првата четвртина.

Доста добро парираа избраничките на тренерот Горан Крстевски во тој дел од играта. Сепак, девојките од Македноска Каменица успеаа да искреираат уште поубедлива разлика. Имаа плус 24 (35:11) на средина на тој втор дел од играта, и како тука некаде да „кренаа рачна“ домашните кошаркарки. Во нареднит епет игра „баделки“ симаа добар дел од таа висока негатива, и на полувремето имаа „прифатлив“ минус (24:42).
Одлично во нападот, во првото полувреме функционираше „трилингот“ Милованова-Николов-Караѓозовска, со сосема добра поддршка и Ѓуковиќ и Илијева, како играи во внатрешната линија на екипата организатор на овој турнир.

По одморот, нови притисок на домашните кошаркарки, кој донесе резултат. Подобро кажано позитива од плус 10 поени (19:9), со која беа симнати сите дилеми околу финалистот.
По три одиграни четвртини, Баскет Кам 2011 стигна до (61:33). Па оние десет минути им послужија за подготовка за она што следува – финалето против одличната екипа на Крива Паланка која во првото полуфинале ја потрвди фаворитската улога против штипска Тим Арена.

Марија Николов беше прво име во победничката екипа. Реализираше дабл-дабл од 27. поени и 10. скока, а освен тоа додаде и по четири асистенции и исто толку освоени топки. Милованова имаше 13.поени (и осум асистенции), а Караѓозова уште 11.поени.
Кај Бадел 1862, со 13 поени заврши Стојковска, додека Димковска додаде уште десет.
Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 30.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 21.мај (недела) од 14.30 часот.
Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 25.000 денари.
Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 12.часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 15.000 денари. Поразениот тим во „малото финале“ ќе добие 10.000 денари од вкупниот награден фонд кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.
М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ -ПОЛУФИНАЛЕ
Баскет Кaм 2011 – Бaдел 1862 70:52
Тим Арена – Крива Паланка 57:76
21.МАЈ (НЕДЕЛА)
12.00: За трето место - Тим Арена – Бaдел 1862
14.30: Финале - Крива Паланка – Баскет Кaм 2011
*Сите натпревари се играат во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица