Кошаркарките на Бадел 1862 го освоија третото место на завршниот турнир од М18 лигата откако во т.н. „мало финале“ беа подобри од екипата на Тим Арена.
ТИМ АРЕНА – БАДЕЛ 1862 54:61
Првото полувреме помина во доста изедначена игра во која двете екипи се менуваа во водството.
Екипата од Штип оствари највисоки (13:8) во седмата минута од играта, за првата четвртина да ја добијат со минимални (13:12).
Требаше да поминат пет минути од вториот период за екипата на Бадел 1862 поведе, накар и со минимални (20:19). Но кошаркарите во „жолто-сина“ комбинација престанаа да реализираат.
До истекот на полувремето „закочија“ на бројката од 20 поени.
Тим Арена го искористи тоа, да ја врати онаа предност од пет поени која ја имаше во првата четвртина. И на одмор да замина со солидни (25:20).
Напаѓачки одлично функцонираа Величковска и Колева кои искомбинираа дури 22. поени во тие 20.минути. на другата стра,аа Димовска беше „двоцифрена“, реализираше 11 поени во тој прв дел од мечот за „бронзата“
Многу подобро „отворање“ имаше Бадел 1862. Во воведните пет минути од третата четвртина направија серија од (14-4), со кое се одвоија на сосема солидно водство. Влегоа во позитива од пет поени. (34:29). Во наредните две дури и ја удвоија (39:29). Слично беше и на крајот на третиот дел (42:33).
Но долги беа последните десет минути. Во првите пет, девојките од Штип се вратија уште еднаш, сега на негатива до само „половина кош“ (48:49). Митева беше третата кошаркарка која ја пробиваше зонската поставка на „баделки“.
Но и Бадел 1862 имаше свој адут на овој натпревар, Димковска. Потпомогната од Стојковска, најдоа начин(и) да се одбранат и од тој атак на противничката екипа. Во последните две минути Бадел 1862 влезе со шест плус (58:52). Предност која се покажа како недостижна за младите кошаркарки од Штип.
М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ
Баскет Кaм 2011 – Бaдел 1862 70:52
Тим Арена – Крива Паланка 57:76
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Тим Арена – Бaдел 1862 54:61
14.30: Финале Крива Паланка – Баскет Кaм 2011