28.05.2023

Во „малото финале“ беа подобри од Феникс баскет (77:65)

ФИНАЛЕН ТУРНИР-М18-MAЖИ: Бронзените медали за Работнички

Екипата на Работнички е освојувач на треотот место на финалниот турнир од М18 лигата кој се игра во СЦ „Јане Сандански“. Во т.н. „мало“ финале“ беа подобри од домаќинот на овој собир на најдобрите јуниори во нашата држава...

РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС БАСКЕТ        77:65

Веројатно многу работи станаа појасни уште во првите десет минути од играта на мечот за третото место. Оние во кои далеку подобро отворање имаше екипата на Работнички, која се стекна и со повеќе од солидно водство (25.13), кое се покажа и како доволно за конечен успех во утешниот меч на турнирот.

Останатите три четвртини се претворија во „бркање“ на таа солидна позитива која ја имаа „црвено-белите“. Но како безуспешни се покажаа сите обиди на ривалот, кој остана екипата без медал, иако полагаа големи надежи со оглед на тоа дека се изборија за организација на завршниот турнир.

Ако во полуфиналето, како прв стрелец го имаа Чолаковски, на овој натпревар поентерски се одвои Митев, но освен тоа што постигна 29.поени, успеа да комплетира и дабл-дабл ефект во кој се вгради и со 11. скока, плус и пет освоени топки. Чолаковски беше само вториот и последен играч со десет и повеќе дадени поени, кај победникот. Имаше 11, но со поддршка на другиот дел од тимот, доволно да се стигне до „бронзата“.

Во вториот, за нив секако, разочарувачки настап на турнирот, кај Феникс баскет, Стојковиќ реализираше 21.поен, Чурлинов имаше 13, а Стојановски уште десет реализации.

М18 ЛИГА-MAЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Работнички – Вардар      73:78

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Работнички – Феникс баскет    77:65

ФИНАЛЕ

Вардар – Водно Санс      (во тек)