27.05.2023

Со одлична последна четвртина, „вардарци“ го надиграа Работнички (78:73) доволно за место во финалниот меч и шанса за титулата

ФИНАЛЕН ТУРНИР-М18-MAЖИ: Вардар прв во финалето

Во првиот полуфинален натпревар, победа за младите кошаркари на Вардар. Имаа подобар финиш во однос на Работнички, и стигнаа до место во големото финале на јуниорската лига.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 73:78

По изедначените три четвртини, пресудна беше онаа последната во која „вардарци“ беа за нијанса подобар противник од своите колеги од Работнички.

Имаа „црвено-белите“ минимална предност (57:55) по три одиграни периоди. Но во оној последниот, Вардар направи ((23-16), доволно за да се промовира во прв финалист на завршниот турнир од јуниорската лига

До успехот вреден финале, Вардар дојде пред се со доста добра колективна игра, и одлична распределба на поените на стартната петорка. Сепак, прво поентерско име во победничката екипа беше Иванов, кој имаше и дабл-дабл скор. Освен 23.поени (шут од игра 8/13) имаше и десет скока, шест асистенции, но и пет загубени топки за индекс-25.

Двоен ефект, имаше и Лукановски, кој освен 17.поени, реализира и 18 скока (седум од нив офанзивни), плус и една блокада. Двоен број на поени кај Вардар остварија и Лаковски – 14, односно Младеновски – 11.

Кај Работнички, одличен ефект на Чолаковски, заокружен со реализација на 28.поени (12/17 за два поени) и 14. скока, половина од нив во фазата на нападот, и најголем индекс на мечот – 27.

Стојанов го испрати со 15, а Балоски со уште 13.поени, премалку за настап во големото финале.

М18 ЛИГА-MAЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Работнички – Вардар      73:78

Водно Санс – Феникс баскет    (во тек)

21.МАЈ (НЕДЕЛА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

17.30: Работнички – Феникс баскет/Водно Санс

ФИНАЛЕ

20.00: Вардар – Водно Санс/Феникс баскет

*Сите натпревари се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје